Baltimora
Baltimora (транскрипција: Балтимора) ― поранешна италијанска музичка група од Милано, активна од 1984 до 1987 година.[3] Најпозната песна од групата била „Tarzan Boy“ од 1985 година. Песната „Woody Boogie“ (1985) била популарна во неколку европски земји, како и во нивната родна Италија.
Baltimora | |
---|---|
Потекло | Милано, Италија |
Жанрови |
|
Период на активност | 1984–1987 |
Издавачи | |
Поранешни членови | |
|
Историја на групата
уредиНа почетокот од 1984 година Маурицио Баси (музички продуцент и музичар од Милано) се запознал со Џими Мекшејн (роден во Дери, Северна Ирска). Тие решиле да основаат група и го избрале името Балтимора, според американскиот град Балтимор на кој му ја додале буквата „а“ за да звучи поиталијански.[4]
Првиот сингл на Балтимора, „Tarzan Boy“, бил издаден во април 1985 година и станал огромен хит во Европа; стигнал до 6-то место на италијанската топ-листа за синглови и се пласирал во топ-5 на топ-листите во: Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска, Франција, Холандија, Норвешка и Обединетото Кралство.[5][6][7][8] Вториот сингл, „Woody Boogie“, исто така имал забележителен успех и се пласирал во топ-20 во: Германија, Швајцарија и Шведска.[6][9]
Првиот албум на Балтимора, Living in the Background , бил издаден во Европа на крајот од 1985 година и во САД во 1986 година. И покрај успехот на „Tarzan Boy“, Living in the Background имал само умерен успех на топ листите; успеал да влезе во топ-20 на топ-листите во само неколку земји во Европа,[10] и до 49 место на американската топ-листа.[11]
Откако вториот албум на Балтимора, Survivor in Love (1987) и синглот „Key Key Karimba“ не успеале да се пробијат на топ-листите, Балтимора ја загубила поддршката од издавачката куќа и Баси решил да ја распушти групата.
Џими Мекшејн починал од СИДА во март 1995 година.[12]
Наводи
уреди- ↑ Castelli, Vittorio (20 December 1986). „Now Italian Talent Can Make That Vital International Breakthrough“. Billboard. том 98 no. 51. стр. I-6. ISSN 0006-2510.
- ↑ Hooker, Tom. Interview with Zeljko Vujkovic. Tom Hooker – Interview. September 2001.
- ↑ Monger, Timothy. „Baltimora“. AllMusic. Посетено на 21 February 2021.
- ↑ Jimmy McShane (Baltimora). (23 August 1985). Bravo TV. [TV]. RTL II.
- ↑ „Baltimora – Tarzan Boy“ (холандски). Ultratop. Hung Medien. Посетено на 7 November 2014.
- ↑ 6,0 6,1 „Baltimora“ (германски). Official Charts. Архивирано од изворникот на 7 November 2014. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Germany“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Baltimora“. Official Charts. Посетено на 31 May 2013.
- ↑ Wanner, Cheryl (29 March 1986). „Baltimora: Living in the Background“. The Morning Call. стр. 59. Посетено на 3 January 2021.
- ↑ „Baltimora – Woody Boogie“. Ultratop. Hung Medien. Посетено на 7 November 2014.
- ↑ „Baltimora – Living in the Background“. Swedishcharts.com. Hung Medien. Посетено на 7 November 2014.
- ↑ „Baltimora – Awards“. AllMusic. Посетено на 30 November 2010.
- ↑ Talevski, Nick (2006). Rock Obituaries: Knocking on Heaven's Door. Omnibus Press. стр. 18. ISBN 978-1-84609-091-2.