Саса (растение)

вид растение
(Пренасочено од Anemone)
Саса
Научна класификација
Семејство: Лутичиња
Род: Anemone

Саса или анемона (латински: Anemone) е род на зелјести дикотиледони растенија од фамилијата на љутичиња (Ranunculaceae). Името е изведено од грчките зборови anemos - ветар и mone - живеење, затоа што некои видови се пронајдени на ветровити места. Тоа е релативно голем род на отпорни зелјасти растенија со убави цветови. Некои имаат кртоласти корења. Живеат во умерени и ладни краишта.

Аномони растат меѓу 15 до 30 см, листови ѝ се во форма на розета, а цвеќињата можат да бидат црвени, роза и бели со шест и повеќе цветни ливчиња. Накчесто се одгледува како украсно цвеќе во дворовите и градините, а овој цвет е познат и како Адонисов цвет според бог од старогрчката митологија.

Видови

уреди
вид висина боја на цветовите цветање
A.apennina 15 cm розова, сина, бела март
A.baldensis 15 cm бела, делумно розова од мај до јуни
А.blanda 15 cm сина од јануари до март
A.canadensis 85 cm бела јуни
A.coronaria 22 cm до 30 cm различни пролет
A.fanninii 100 cm до 130 cm бела јуни
A.x fulgens 35 cm алова саса мај
A.gluciifolia 35 cm до 100 cm бледо виолетова лето
A.hortensis 33 cm различно пролет
A.hupehensis 35 cm до 100 cm розова од август до октомври
A.x hybrida 130 cm до 170 cm розова од август до октомври
A.magellanica 15 cm жуткасто бело јуни
A.multifida 15 cm до 30 cm црвена, бела, жолта јуни
A.narcissiflora 30 cm жуткасто бело, розово од мај до јуни
A.nemorosa 15 cm бела пролет
A.palmata 15 cm бела, златножолта мај
A.pavonina око 30 cm различни нијанси во март-април
A.ranunculoides 23 cm до 30 cm златножолта март
A.rivularis око 60 cm бела мај
A.rupicola око 30 cm бела од мај до јуни
A.sylvestris 30 cm бела април
A.tetrasepala 95 cm бела од мај до јуни
A.vitifolija 60 cm бела лето

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди