Ампер
Амперот (симб. A; крат. амп, amp[1]) е основна SI-единица за електрична струја[2] (величински симб. I, i)[3] Наречена е по францускиот физичар Андре Мари Ампер (1775–1836), основоположник на електродинамиката.
ампер | |
---|---|
Галванометар за мерење струја според насоката на иглата во маглетното поле што го создава струјата. | |
Информации за мерката | |
Мерен систем | основна SI-единица |
Единица за | електрична струја |
Ознака | A |
Практично изразено, амперот е мерата во која електричниот набој што минува низ некоја точка во електрично коло по единица време со 6,241 × 1018 електрони, или еден кулон во секунда што сочинува еден ампер.[4]
Дефиниција
уредиЗаконот за Амперовата сила (Амперов закон) вели дека привлечна или одбојна сила помеѓу две паралелни жици низ кои тече струја. Оваа сила се користи во формалната дефиниција за ампер, која вели дека „амперот е јачина на постојана електрична струја која тече низ два паралелени спроводника со неограничена должина и занемарливо мал кружен напречен пресек, што се наоѓаат во вакуум на меѓусебно растојание од еден метар, и меѓу тие спроводници предизвикува сила еднаква на 2 × 10–7 њутни на метар должина.“[5]
Единицата набој во SI, кулонот, „количеството електрицитет што го носи струја од 1 ампер за време од 1 секунда“.[6] Обратно земено, струјата од еден ампер е набој од еден кулон што минува некоја точка во рок од една скунда:
Пократко искажано, набојот Q го определува постојана струја I што тече за време t како Q = It.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „amp“. Oxford Dictionaries. Oxford University Press. Посетено на 19 ноември 2011.[мртва врска]
- ↑ „Единица за електрична струја (ампер)“. Брошура на SI (VIII изд.). МБТМ. Посетено на 19 ноември 2011. (англиски)
- ↑ „Основни SI-единици“. Брошура на SI (VIII изд.). МБТМ. Посетено на 19 ноември 2011. (англиски)
- ↑ Bodanis, David. (2005). Electric Universe. New York: Three Rivers Press. ISBN 978-0-307-33598-2
- ↑ Брошура - Прилог 3: Систем SI на основни мерни единици[мртва врска] - Биро за метрологија на РМ (македонски)
- ↑ „Меѓународен систем на мерни единици (SI)“, VIII изд. стр. 144. - МБТМ (англиски)
Надворешни врски
уреди- Кратка историја на единиците за електрицитет во SI Архивирано на 14 февруари 2002 г. (англиски)