Дали сте љубоморни?
Aha Oe Feii? - Дали сте љубоморни? е слика од 1892 година на Пол Гоген, моментално во колекцијата на Пушкински музеј во Москва.
Англиски: Are You Jealous?, Дали сте љубоморни?: | |
Творец | Пол Гоген |
---|---|
Година | 1892 |
Димензии | 66 см × 89 см |
Место | Пушкински музеј, Москва |
Сликата била создадена според вистински настан: за време на неговиот престој на Тахити, подоцна ја опишан во неговиот дневникот Ноа Ноа: „На брегот две сестри лежат после капење, во благодатните пози на животот, релаксирани; тие зборуваат за вчерашната љубов и утрешните освојувања. Сеќавањето предизвикува да се препираат: „Што? Дали сте љубоморни? "Гоген ја наслови сликата на тахитски јазик, Aha Oe Feii?, Во долниот лев агол на платното[1].
Сликата покрај необичната, празнична светлина, еден вид рајска ослободеност и исконска архетипска пејзажност, содржи и најприродна сензуалност, елементарност и радост на исконскиот живот, растеретен од сите трауми на западниот човек и неговата темна, заробувачка цивилизација[2].
Наводи
уреди- ↑ „The Pushkin State Museum of Fine Arts, Moscow“. Архивирано од изворникот на 2021-09-23. Посетено на 2021-09-23.
- ↑ Paul Gauguin"Aha Oe Feii?" ("What? Are You Jealous?"). 1892