Agusta A.105
Хеликоптерот претставува оригинален дизајн на компанијата Agusta, односно во хеликоптерот е вграден мотор Turbomeca-Agusta TA-230 и сопствена дизајнирана трансмисија. Првиот прототип на хеликоптерот полетал во 1964 година. Од хеликоптерот се развиени два модела:
- модел А.105 со две седишта (пилот и патник)
- модел А.105B со четири седишта (пилот и три патника) кој е прикажан на париската изложба во 1965 година. Хеликоптерот бил предвиден за одржување врски, фотографирање од воздух и брз транспорт, но никогаш не влегол во сериско производство.
Основни податоци:
- Тип: транспортен хеликоптер
- Класа: лесен
- Сместување: еден или два пилоти (А.105 и А.105B) и еден или два патника (А.105B)
- Земја на потекло: Италија
- Производител: Agusta (Италија)
- Статус: прв лет во 1964 година, произведен само како прототип.
- Земји корисници: Италија
Техничкотактички податоци:
- Намена: за цивилни потреби
- Мотори: еден турбомлазен мотор Turbomeca-Agusta TA-230, со сила од 350 кс
- Димензии:
- Височина: 2,60 м
- Пречник на HP: 9 м
- Тежини:
- Празен: 485 кг
- Максимална: 1,000 кг
- Перформанси:
- Максимална брзина: 210 км/ч
- Максимална висина: 4,750 м
- Максимален домет: 320 км
Варијанти:
уреди- А.105А: верзија со две седишта (за еден пилот и за еден патник или ученик-пилот)
- А.105B: верзија со четири седишта