Agusta A.104
Од хеликоптерот А.103 со едно седиште е развиен хеликоптерот А.104 со две седишта. Целиот труп на хеликоптерот е изработен од метал. Во хеликоптерот е вграден клипен мотор Agusta MV-A120. Првиот од двата прототипа на хеликоптерот полетал во декември 1960 година.
Основни податоци:
- Тип: транспортен хеликоптер
- Класа: лесен
- Сместување: еден пилот и еден патник
- Земја на потекло: Италија
- Производител: Agusta (Италија)
- Статус: прв лет во 1960 година
- Земји корисници: Италија
Техничкотактички податоци:
- Намена: за цивилни потреби
- Мотори: еден клипен мотор Agusta MV-A120, со сила од 120 кс
Варијанти:
- А.104 Helicar - прв прототип, со клипен мотор Agusta MV-A120
- A.104BT - верзија на хеликоптерот со турбински мотор Agusta A.270, со сила од 270 КС. Произведен е само еден модел.