Agusta A.103
По развојот на хеликоптерот А.102, компанијата Agusta го развила хеликоптерот А.103 со едно седиште (само за пилотот). Во хеликоптерот е вграден сопствено развиен клипен мотор Agusta MV-GA70, со сила од 80 КС. Прототип на хеликоптерот полетал во октомври 1959 година.
Основни податоци:
- Тип: транспортен хеликоптер
- Класа: лесен
- Сместување: еден пилот
- Земја на потекло: Италија
- Производител: Agusta (Италија)
- Статус: прв лет во 1959 година
- Земји корисници: Италија
Техничкотактички податоци
- Намена: за цивилна употреба
- Мотори: еден клипен мотор Agusta MV-GA70, со сила од 80 кс