Агилност

(Пренасочено од Agility)

Агилноста се дефинира како „способност на еден систем брзо да одговори на промена преку приспособување на неговата почетна стабилна конфигурација”.

Материјал за вежбање на балансирана агилност кај децата

Во овој случај, агилноста претставува способност ефикасно да се промени положбата на телото, коешто наложува примена на изолирани движечки вештини во комбинација со рамнотежа, со координација, со брзина, со рефлекси, со сила и со издржливост. Агилноста претставува способност да се промени насоката на телото на еден ефикасен и делотворен начин, а за да се постигне ова, потребна е комбинација на: баланс – способноста да се одржи рамнотежа при статична положба или при движење (на пр. да не паднете) преку координираните дејства на нашите сетилни функции (очи, уши и проприоцептивните органи во начите зглобови); статична рамнотежа – способноста да се одржи центарот на масата над основата врз којашто се стои во статична положба; динамична рамнотежа – способноста да се одржи рамнотежа со движење на телото; брзина – способноста брзо да се движат сите делови или само еден дел од телото; сила – способноста на еден мускул или на мускулна група да надмине одреден отпор; и последно, координација – способноста да се контролира движењето на телото во соработка со сетилните функции на телото (на пр. фаќање топка [координација помеѓу топка, рака и око]) .

Во спортовите, агилноста честопати се дефинира во однос на определен спорт, како резултат на тоа што таа претставува збир од многу компоненти од коишто секоја се користи на различен начин (специфичен за сите видови на различни спортови). Шепарт и Јанг (2006 година) ја дефинирале агилноста како „брзо движење на целото тело со промена на брзина или на насока како одговор на еден стимул.” Во бизнис светот и во развојот на софтвери, агилност значи способност за брзо и за ефикасно приспособување на промените. Неодамна, агилноста се применува на пр. во контекст на агилен развој на софтвери и во контекст на агилно претпријатие.