Афроамерикански англиски јазик

нестандардна варијанта на англискиот јазик меѓу Афроамериканците
(Пренасочено од African American Vernacular English)

Афроамериканскиот мајчин англиски јазик (ААМА), исто така нарекуван афроамерикански англиски јазик, помалку прецизно црн англиски, црн мајчин, црн мајчин англиски (ЦМА) е афроамериканска варијанта (дијалект, етнолект или социолект) на американскиот англиски јазик. Меѓу луѓето некогаш е нарекуван ебонистички (термин што исто така има и други значења и силни конотации) . Неговиот изговор, до некои граници е сличен со јужно- американско англиската варијанта, која што е зборувана од многу афро- американци и многу луѓе што не се афроамериканци, а живеат во САД. Има мала регионална варијација на ААМА помеѓу оние коишто го зборуваат. Неколку креолисти, вклучувајќи ги Вилијам Стјуарт, Џон Дилард и Џон Рикфорд, расправале за многуте особеости кои ААМА ги дели со креолскиот дијалект зборуван од црнците во поглем дел од светот каде што ААМА е самиот креол, додека други остануваат на мислењето дека нема значајни паралели. Со сите јазичарички форми на неговата употреба влијаат годините, статусот, темата и местото. Оваа варијанта на англискиот јазик е доста користена во книжевноста, особено во афро- американската литература.

Преглед

уреди

AAMA дели неколку одлики со креолските англиски форми на јазикот, зборувани во голем дел од светот. ААМА има изговор, граматички структури и речник сличен на некои западно африкански јазици. ААМА дели многу особини со англискиот дијалект зборуван во Јужна Америка. Додека овие се повеќето регионализми (со други зборови, потекнуват од дијалект обично зборуван во една област, без разлика на расата) дел од нив – како што е бришењето на “is” – се употребувани многу почесто од црни говорители, што покажува на тоа дека тие го имаат своето потекло во црнечкиот говор. Особините кои ги одвојуваат од Стандардниот американско англиски говор ги вклучуваат: • Специфични изговорени одлики со дефинирани примероци, многу од кои се пронајдени во креолите и дијалектите на други популации во западно африканската лоза и кои исто се појавуваат во англиските дијалекти врз кои можат да влијаат западно африканските јазици, како што е англискиот на Њуфаундленд. • Различен вокабулар и • Различни употреби на времињата на глаголите. Раниот ААМА придонел за некои зборови од Африканско потекло да навлезат во Стандардниот американско англиски. ААМА придонел исто така за сленг изрази како cool или hip.

Потекло

уреди

Додека е познато дека помеѓу ААМА и јужно-американскиот англиски има тесна врска, уникатните особености на ААМА не се целосно објаснети и за неговото потекло сѐ уште се дебатира. Една теорија е дека ААМА се појавил од еден или повеќе креоли од робовите којшто се појавиле од Транс-Атлантското тргување со робови и потребата Африканските робови да комуницираат меѓусебно и со оние кои ги заробувале. Според оваа теорија тие робови ги развиле таканаречените пиџини (pidgin), поедноставена мешавина од два или повеќе јазици. Како што пиџин се создава од близок контакт помеѓу членови од различни јазични заедници, трговијата со робови била исто таква ситуација. До 1715 година, овој пиџин се појавил во новели на Даниел Дефо, поточно “Животот на колонијалниот Џек”. Во 1721, Котон Маер го спроведе првиот обид за снимање на говор на робови во неговите интервјуа кои се однесуваа на практиката на бележење на сипаницата. До времето на Американската револуција, варијантите помеѓу креолите на робови не беа сосема меѓусебно разбирливи. Цитат од сеќавањето на “робовски јазик” кон крајот на 18 век: “Kay, massa, you just leave me, me sit here, great fish jump up into da canoe, here he be, massa, fine fish, massa; me den very grad; den me sit very still, until another great fish jump into de canoe; but me fall asleep, massa, and no wake 'til you come…” Јазикот на робовите им стана познат на голем дел од образованите белци во времето на Американската граѓанска војна. Весниците пред војната формираа богат корпус на примери на креолски дијалект од плантажите. Во “Воен живот во црно мнозинство”, Томас Хигинсон детално претставил многу особености на јазикот на неговите војници. Неодамна, Шана Полак имаше обезбедено корпус–заснован доказ од изолирани области во Самана и Нова Шкотска, населени од потомците од рано ААМА-зборувачки групи, што предлага дека граматиката на раниот ААМА била поблиску до таа на привремениот британски дијалект отколку што е модерниот урбан ААМА на сегашните американски дијалекти, што укажува на тоа дека современиот јазик е резултат на несогласувањето на редовните варијанти, наместо на резултат на декреолизација на широко распространетиот американски креол.

Посебни особености

уреди

Иако разликата помеѓу ААМА и атандардниот американско англиски е јасна на говорителите, некои особености , особено двојното негирање и изоставувањето на некои помошни глаголи, како што е “has” во “has been” се исто одлики на колоквијалниот американски англиски.

Време и начин

уреди

ААМА не секогаш ја користи ознаката за минато време (тоа е –ed, пример worked), тој се одликува со дополнителен (по избор) систем со четири минати и две идни времиња или фази.

фаза пример

  • минато
  • пред-скоро I been seen him
  • неодамна She done work
  • пред-сегашно We did sing
  • минато начински I do sing
  • сегашно We be singing
  • идно непосредно I'm a-sing
  • пост-непосредно I'm a-gonna do it
  • недефинирано идно He gonna sing

Синтактички, she worked е граматички, но done (секогаш ненагласено) е употребено да го нагласи завршеното дејство. Како што фазните помошни глаголи, been и done, мора да се појавуваат како први помошни глаголи; кога се појавуваат како втори носат некои дополнителни гледишта. Пример He been done work значи дека “тој ја завршил со работата пред долго време”

              He done been work значи дека “до пред скоро, тој работел долг период”

Вториот пример ја определува една од најразличните каратеристики на ААМА, која е употребата на глаголот be да покаже дека дејството на глаголот е од вообичаена природа. Во САА, ова само може разбирливо да се прикаже ако се употреби прилогот usually.

За да се види разликата помеѓу минато време и глаголската именка кога се употребени со глаголот been, да ги земеме предвид овие примери: Пример I been bought her clothes, што значи “ И купив облеки пред долго време”

             I been buyin’ her clothes значи “И имам купувано облеки долго време”

начин пример значење

постојан/продолжен начин He be workin' Tuesdays. He works frequently or habitually. интензивиран континуиран (вообичаено) He stay workin'. He is always working. интензивиран континуиран (не вообичаено) He steady workin'. He keeps on working. перфект прогресив He been workin'. He has been working. иреалис He finna go to work. He is about to go to work.

Во прилог на ова, come (кое што може или не мора да биде помошен глагол) може да биде употребено за да ја покаже огорченоста на говорителот, како во примерот Don’t come acting like you …

Негација

уреди

Негацијата е различно формирана од таа во стандардниот американско англиски • Употребата на ain’t како општ негативен покажувач. Во други дијалекти, може да биде употребен каде што во атандардниот англиски би се употребило am ,not, isn’t, aren’t, haven’t и hasn’t. Како и да е, во обележан контекст со други варијанти на англиски во САД, некои говорители на ААМА исто така употребуваат ain’t наместо don’t или didn’t. Ain’t го има своето потекло во обичниот англиски, но станало повеќе стигматизирано во 19 век. • Негативното согласување, популарно познато како “двојна негација”, како во примерот I didn’t go nowhere; ако реченицата е негативна, сите негирани форми се негитивни. Ова е во контраст со атандардниот англиски, каде што двојниот негатив е сметан за неточен, освен ако не значи нешто позитивно. Ова е исто така “тројна” или “повеќекратна негација” , како на пример во реченицата I don’t know nothing about no one no more (Во Стандарден Англиски, “I don’t know anything about anyone anymore”) • Во негативна конструкција, недефинираната заменка, како на пример nobody или nothing може да биде заменета со негативна глаголска честичка за нагласување (пример Don’t nobody know the answer, Ain’t nothin’ goin’ on.)

Други граматички особености

уреди

• Сврзникот be најчесто е испуштен, како и во рускиот, хебрејскиот, арапскиот и други јазици. На пример You crazy (You’re crazy) или She my sister (She’s my sister). Овој феномен исто така се сретнува во прашањата: Who you? (Who’re you?) или Where you at? (Where are you (at)?). Од друга страна нагласено is не може да се испушти. She is my sister. Општите правила се: - Само формите is и are (од кои второто и онака е заменето со is) можат да бидат испуштени кога се изговорени и со надгласок во атандардниот англиски - Овие форми не можат да бидат испуштени кога се изговорени со надгласок во атандардниот англиски - Овие форми не може да се испуштат кога соодветните форми во атандардниот англиски не можат да покажуваат скратеници (и обратно). - Можеби и други услови се применуваат исто така - Глаголите од сегашно време не добиваат наставки за број/лице: нема –s кое се додава на трето лице еднина сегашно време. Пример She write poetry. (She writes poetry.), слично was е употребен што во стандардниот англиски се значења за двете was и were. • Генитивниот –s завршеток може и не мора да е употребен. Ова е слично со многу креолски дијалекти од Карибите. Многу форми на јазици од светот ќе го искористат необележаниот позесив; тука може да се резултира со упростување на граматичките структури (пример my momma sister (“my mother’s sister”) ) • Зборовите it и they укажуваат на постоење на нешто еднакво на стандардно англиските форми there is или there are. • Изменета синтакса во прашањата: Why the ain’t growin’ ? (Why aren’t they growning?) и Who the hell she think she is? (Who the hell does she think she is? ). Недостаток на инверзија на стандардниот англиски. Поради ова нема потреба од помошен глагол do.

Лексички особености

уреди

ААМА дели многу од својот лексикон со другите варијанти на англиски, особено оние од неформалните и јужните дијалекти. Сепак има неколку забележливи разлики меѓу овие два. Предложено е дека некои од речникот кои се единствени од ААМА, го носат своето потекло од западноафриканските јазици, етимологијата е најчесто тешка да се определи без трага и евидентирана употреба, предлозите подолу не можат да бидат докажани, во многу случаи, тврдените етимологии не се препознаени од јазичарите или од англискиот Оксфорд речник. • dig, што значи “да разбереш/цениш” • jazz • tote • bad-mouth ААМА исто така има зборови кои се или не се дел од стандардниот англиски или имаат огромни различни значења од нивата употреба во стандардниот американски англиски. На пример, има неколку зоборви во ААМА кои се однесуваат на бели луѓе кои не се дел од стандардниот американско англиски, овие ги вклучуваат употребата на gray како придавка за белци, можеби поради бојата на Конфедерациските униформи. Ofay, пејоратив, уште еден општ израз за белци. Kitchen се однесува на посебно виткана коса која се наоѓа на вратот. ААМА исто така придонел на различни зборови и фрази во други варијанти на англискиот јазик, вклучувајќи ги chillout, main squeeze, soul, funky, и threads.

Социјален контекст

уреди

Јазичарите се задржуваат за тоа дека нема ништо суштински грешно со ААМА како варијанта, бидејќи како и сите дијалекти ААМА покажува внатрешна логика и е употребуван срдечно да изразува мисли и идеи. Сепак, ставовите на не-специјалистите можат да бидат негативни, особено помеѓу Афроамериканците, бидејќи отстапува од стандардниот и неговата употреба е толкувана, во најдобар случај, како знак на незнаење и мрзливост. Можеби поради овие ставови (исто така и поради ставови надвор од афроамериканската заедница) повеќето говорители на ААМА се бидијалектичари, што значи дека се во можност да ги користат и стандардниот американско англиски до варијабилни степени, а исто така и ААМА. Таквата јазичаричка адаптација се нарекува менување на кодот; секој дијалект или код се применува во различни средини. Општо кажано, степенот на ексклузивна употреба на ААМА го намалува социо-економскиот статус (иако ААМА е сѐ уште употребуван од добро-образовани Афроамериканци). Посредно поврзани истражувања во 1960те и 1970те, вклучувајќи ја и Вилијам Лабовата основа на темелна граматичка студија, Language in the Inner City – немало двоумење за постоењето на посебен вид на англиски јазик зборуван од Афроамериканците; Вилијамсон забележал дека посебни особености на афроамериканскиот говор биле присутни во говорот на јужњаците и Фарисон тврдел дека навистина немало суштински реченички или граматички разлики помеѓу говорот на црниците и другите англиски дијалекти.

Во литература и медиуми

уреди

Постои долгогодишна традиција во претставувањето на говорот на црнците во американската книжевност. Голем број на истражувачи се гледале во начинот на кои Американските автори го прикажувале говорот на црните ликови, проучувајќи ги начините на поставување на црниот идентит и како е поврзан со други ликови. Браш (1981) тврди дека раните мас-медиа портрети на црнечкиот говор се најцврстиот историски доказ за постоење на посебен вид на англиски јазик кој постоел за црниците. Ранит популарни дела исто така се употребени да се определат сличностите што историските варијанти на црнечкиот говор ги имаат за заеднички со модерниот ААМА. Најраниот опис на црнечкиот говор дошол од делата на 18 век, главно од автори-белци. Забележлив исклучок претставува “Клотел” – првата новела напишана од Афроамериканец (Вилијам Велс Браун). Опиците на големо биле намалувани на дијалози и првата новела напишана целосно на ААМА била “His own here” од Џун Џордан, иако романот “Виолетовата боја” на Алис Вокер е многу пошироко познато дело во целиот ААМА. Драмата “Суво грозје на сонцето” (1959) на Лореин Хенсбери исто така опишува употреба на ААМА. Некои други познати дела кои имаат претстави за црнечкиот говор се: - Едгар Алан По – “Златната бубачка” (1843) - Херман Мелвил – “Моби Дик” (1851) - Хариет Вичер Стоув – “Колибата на чичо Том” (1851-1852) - Џоел Чендлер Харис – “Чичко Ремус” (1880) - Марк Твеин – “Авантурите на Хаклбери Фин” (1885) - Томас Нелсон Пејџ – “Во Оле Вирџинија” (1887) - Томас Диксон – “Член на клан” (1905) - Маргарет Мичел – “Отидено со ветрот” (1936) - Зора Нил Харстон – “Нивните очи го гледаа само Господ” (1937) - Вилијам Фаулкнер – “Зајди, Мојсеј” (1942) - Џон Кенеди Тул – “Конфедерација на дибеци” (1980) Бидејќи не постои основан правописен систем во ААМА, опишувајќи го низ литература е најчесто направено преку првописни промени за да се покажат наговите фонолошки особини, или да се придонесе импресијата дека ААМА е употребуван. Неодамна, авторите почнаа да се фокусираат на граматичките дела и дури на употребата на некои реторички стратегии. Портрети на црни ликови во филмовите и телевизијата се исто така направени со различни степени на автентичност. Во “Имитација на живот” (1934) говорот и однесувањето на Дилајла (афроамерикански лик) потсетуваат на свирачка изведба што е направена за да претерува со стереотпите, наместо да го отслика автентичниот црн говор. Повеќе автентични изведби се појавиле кога посебни говорни настани специјализирајќи за речникот и поределени синтаксикчки одлики биле искористени да ја покажат употребата на ААМА, еве некои примери: - “Направи ја вистинската работа” (1989) - “Tреска во џунглата” (1991) - “Најдобриот маж” (1999)

Линвистички дела се исто употребени за да го покажат говорот на млади урбани Афроамериканци, како што е “Авенијата Лорел” (1993), “Свежо” (1994) и телевизиското шоу “Принцот од Бел Ер”

Во образованието

уреди

ААМА е центарот на контраверзија за образованието на младите афроамериканци, улогата што ААМА треба да ја игра во јавните училишта и образованието и неговото место во поширокото општество. Просветните лица се залагале да се направат обиди да се отстрани употребата на ААМА во јавниот образовен систем. Критиките од социјални коментатори и просветни лица се движат од тврдења дека ААМА е форма на говор со суштинска недостатоци до аргументи дека неговата употреба, со тоа што се смета за неприфатлива во повеќето културни контексти е социјално ограничување. Некои од најострите критики за ААМА и неговата употреба доаѓаат од Афроамериканци. Видлив пример за тоа беше “Ролат торта“ говор “-от во којшто Бил Козби критикуваше многу однесувања, вклушувајќи ја исклучителната употреба на ААМА. Соочени со вакви ставови, Конференцијата за Колеџ Композиција и Комуникација (КККК), која што е дел од Националниот совет на наставници по англиски јазик (НСНА), издаде положбена изјава на правото на студентите за нивниот сопствен јазик. Ова беше усвоено од Членовите на КККК во април 1974 година и се појави како специјално издание на Колеџ Композиција и Комуникација есента 1974 година. Решението гласеше: “Го потврдуваме правото на студентите на нивни сопствени модели и варијанти на јазик – дијалекти кои тие ги негуваат или било кои дијалекти во кои тие го пронаоѓаат својот идентитет и стил. Јазичните наузчници одамна го негираа митот дека стандардниот американски дијалект нема никаква валидност. Тврдењето дека еден дијалект е неприфатлив доведува до една социјална група да врши доминација над друга. Такво тврдење води кон погрешен совет за говорителите и писателите и неморален совет за луѓето. Народ горд на своите различни наследства и неговите културни и расни разновидности ќе го зачува своето наследство на дијалекти. Силно тврдиме дека наставниците треба да имаат искуство и обука што ќе им овозможат да ги почитуваат различностите и да го почитуваат правото на студентите на нивен сопствен јазик.” Околу ова време, педагошки техники слични на оние кои се користат за говорителите за учење странски јазици беа прикажани за да се одржи ветувањето на говорителите на ААМА. Вилијам Стјуарт експериментирал со употреба на дијалектни читачи-групи на текст и од двете ААМА и САА. Идејата била дека децата можат да научат да читаат на нивниот дијалект и после тоа да се префрлат на стандарден англиски со последователни учебници. Симпкинс, Хот и Симпкинкс (1977) развија сеопфатен сет на дијалектни читачи, наречени мост-читачи, во кои беа вклучени три различни дијалекти: ААМА, “мост” верзијата, која беше поблиску до САА без да биде премногу формално и стандардната англиска верзија. И покрај студиите кои покажаа ветување за таквите “стандарден англиски како втор дијалект” (САВД) програми, реакциите за нив беа во голема мера непријателски, и двете Стјуартовите и Мост Програмата беа одбиени поради различни политички и социјални причини, вклучувајќи го силното противење на родителите. Поформална промена во признавањето на ААМА дојде со “Ен Арбор решение”-то во 1979. Во него, федерален судија пресудил дека во учењето на црните деца да читаат, школскиот одбор мора да се прилагоди на дијалектот на детето, а не децата на училиштето и дека не зиемајќи го предвид јазикот на учениците, наставниците придонесуваат на неуспехот на тие ученици да читаат и да го употребуваат изворниот Англиски напредно. Националните ставови кон ААМА беа повторно разгледани кога контраверзното решение од школскиот одбор Оукланд (Калифорнија) на 18ти декември, 1996, повика на “Ебонистичкиот” да биде признат како јазик на Афроамериканците. Предлогот беше да се спроведе програма слична на Јазичната Програма за развој на Афро-Амриканските ученици (ЈПРААУ) во Лос Анџелес, кој започна во 1988 година и користи методи од САВД програмите споменати погоре. Како и други слични програми, резолуцијата Оулканд беше широко неразбрана, а имаше за цел да го учи ААМА и “да го воздигне до статусот на пишуван јазик”. Таа стекна национално внимание и беше изложена на потсмев и критики, особено од страна на Џеси Џексон и Квејси Фум кои гледаа на резолуцијата како обид да се учат децата на жаргони. Изјавата дека “Африканскиот систем на јазици е генетски заснован “ исто така, придонесе за широко непријателство бидејќи “генетски” беше популарно неразбрано имплицирајќи дека Афро-Амриканците имаат биолошка склоност за одреден јазик. Во променетото решение, оваа фраза беше отстранета и заменета со зборовите дека афроамериканскиот систем на јазици “има потекло од Западна и Црнечките-Конго јазици кои не се само дијалекти на англискиот јазик…” Во реалноста, верувањето што лежи во основата на предлогот на Оукланд е дека црните ученици ќе се претстават подобро во училиштето и полесно ќе го учат стандардниот англиски јазик, ако учебниците и наставниците го приклучат ААМА во учењето на црните деца да го зборуваат стандардниот англиски отколку грешно да го изедначуваат нестандардниот со супстандардниот и да го отпуштаат ААМА како втор. Барац и Шуи (1969) покажале на овие јазични бариери и заеднички реакции на наставниците, како примарна причина за тешкотии при читањето и слабите изведби во училиштата. Неодамна , истражување е спроведено на зголемената репрезентација на Афроамериканците во специјалното образование. Ван Кеулен, Ведингтон и Дебус (1998) тврдат дека ова е поради тоа што ААМА говорните особености се често погрешно сметани за знаци на развој на говорни проблеми, поддржувајќи ги наставниците да ги упатуваат децата на патолози, за говорот. Според Смитерман, контроаверзијата и дебатите во врска со ААМА во државните училишта подразбира подлабоки определени ставови кон Афо-Американската заедница како целина. Смитерман го опишува ова како одраз на “моќта на елитата да ја прифати безначајноста, а оттаму и отфрлањето на афроамериканската култура и јазик”. Таа исто така тврди дека Афроамериканците се принудени да се приспособат кон европското американско општество со цел да успеат и дека во крајна линија таа сообразност значи “уништување на црниот јазик ... и усвојување на јазичните норми на средната бела класа.“ Потребата за “би-дијалектијализам” (ААМА и САА) значи , некои црнци тврдат, дека тоа што се би-дијалектички определени не само што предизвикува раскол во црната личност, но исто така укажува на тоа дека таквите дијалекти се “доволно добри” за црнците, но не и за белците .”

Поврзано

уреди