A Plague Tale: Innocence
A Plague Tale: Innocence (буквално: Приказна за чумата: Невиност) — компјутерска игра во жанрот авантуристичка потајна акција со елементи на ужасите, развиена од Asobo Studio и објавена од Focus Home Interactive. Играта била објавена на 14 мај 2019 г. за платформите Windows, PlayStation 4 и Xbox One.[1][2] Играта имала трговски успех, откако била продадена во повеќе од 1 милион примероци до јули 2020 г., нејзиното продолжение, A Plague Tale: Requiem, било објавено на играчките платформи од новото поколение на 18 октомври 2022 г.[3]
A Plague Tale: Innocence | |
---|---|
Изработувач(и) | Asobo Studio |
Издавач(и) | Focus Home Interactive |
Погон | Zouna |
Подлоги | |
Датум на издавање | PS4, Windows, Xbox One 14 мај 2019 Amazon Luna 24 ноември 2020 NS, PS5, XSXS 6 јули 2021 |
Жанр(ови) | акција, авантура, потајност |
Режим(и) | едноиграчки |
Играчки процес
уредиВо A Plague Tale: Innocence, играчите ја преземаат улогата на Амисија де Рун, доживувајќи ја играта од гледна точка на трето лице. Во поголемиот дел од играта, потајноста е од клучно значење за избегнување на непријателски средби, бидејќи непријателите веднаш ќе ја убијат Амисија по откривањето. Амисија има чатал способен за различни дејства: кршење ланци, одвлекување на вниманието или да ги зашемети стражарите за да им дозволи на стаорците да ги нападнат. Дополнително, таа може да нанесе смртоносни удари во главата на незаштитените непријатели.[4]
Играта содржи серија загатки за преживување каде играчите мораат да користат особени тактики за да одвратат или пренасочат роеви гладни стаорци, овозможувајќи пристап до нови области или насочувајќи ги кон враговите. Основното средство за одбивање на стаорците е огнот, бидејќи ја избегнуваат средината на запалени факели и мангали. Амисија може да изработи специјализирани алатки и ресурси, како што се сулфурни камења за да ги запали мангалите, смрдливи бомби за намамување стаорци или средства за сузбивање оган за гаснење на непријателски факели.
Помладиот брат на Амисија, Иго, може да биде насочен да извршува задачи додека Амисија е зафатена и може да пристапи до областите недостапни за неа. Меѓутоа, оставањето на Иго сам ризикува тој да испаничи и да привлече несакано внимание. Подоцна во играта, играчите можат да го управуваат Иго, кој нема занаетчиски способности, но може да манипулира со стаорци и да се движи скришум низ тесни премини.
Наводи
уреди- ↑ Kerayra. „A Plague Tale: Innocence - Новый геймплей и подробности“. GoHa.Ru. Архивирано од изворникот на 2018-03-23. Посетено на 2019-05-13. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Воробьев, Геннадий (2019-01-24). „«Корни невинности» — первая серия дневников A Plague Tale: Innocence с датой релиза“. StopGame.ru. Архивирано од изворникот на 2019-02-07. Посетено на 2019-02-24. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ „Rats' Return: A Plague Tale: Requiem confirms October 18 release date“. Destructoid (англиски). 2022-06-23. Архивирано од изворникот на 2022-06-23. Посетено на 2022-06-23.
- ↑ Delahunty-Light, Zoe (22 March 2019). „A Plague Tale: Innocence is here to make you realise how much we've become used to death in video games“. GamesRadar. Архивирано од изворникот на April 17, 2021. Посетено на 14 May 2019.