АК-12
(Пренасочено од AK-12)
АК-12 е руска автоматска пушка со калибар 5,54mm, разработка на концернот „Ижмаш“. Оваа пушка е разработена за Вооружените сили на Русија со перспектива да ги замени претходните варијанти на АК — АК-74 и АК-74М, АК-103, како и постарите АКМ и АКМС.
АК-12 | |
---|---|
Тип | Автоматска пушка |
Потекло | Русија |
Производна историја | |
Конструктор | Владимир Викторович Злобин |
Конструирано | 2011 |
Производител | Ижевски Машински Завод |
Тех. особености | |
Тежина | 3,3kg |
Куршум | 5,54×39mm |
Калибар | 5,54mm |
Механизам | Позајмица на гасови, ротирачки затворач |
Брзострелност | ~650 истрели/min |
Почетна брзина | 900m/s |
Полнење | рамка со 30 куршуми; рамка со 60 куршуми; барабан со 95 куршуми |
Нишани | Подеслив маханички нишан, стандардно вграден носач за оптички/ноќен нишан |
Историја
уредиПроектирањето на новата автоматска пушка започнала во јуни 2011 како сопствена иницијатива на „Ижмаш“, а под раководство на главниот конструктор Владимир Викторович Злобин. Во тек на 2011 година се направени прототипи и започнало испитувањето на новиот модел од петтата генерација „калашников“ — АК-12.
Калибри
уредиПроизводителот најавил производство на две верзии, „лесна“, во традиционалните калибри за автоматски пушки 5,54×39, 5,56×45, 6,5 Grendel и 7,62×39, и „тешка“ во калиброт 7,62×51 NATO.
Разлики од претходните модели
уреди- подобрена ергономика : манипулациите со осигурувачот, преклопникот рафално/единечно, утврдувачот на рамката, задржувачот на затворачот сега може да се вршат со една рака
- вградена Пикатини шина за монтирање оптички, колиматорни и ноќни нишани, мерачи на далечина, фрлачи на бомби, лампи, ласерски нишани и сл., што повлекло преработка на сандакот и капакот на сандакот;
- нов преклопен телескопски кундак, образникот и тилот се регулираат по висина, смален е кракот на силата при повлекување;
- рачката на затворачот може да се монтира лево или десно, по желба и за удобност на левораки и деснораки стрелци;
- нови рамки од 30 и од 60 куршуми, нов барабан од 95 куршуми;
- три режими на стрелба: единечно, рафално и рафално по 3 куршуми;
- вграден тромблонски додаток/гасна кочница за лансирање тромблонски мини;
- зголемено е растојанието меѓу предниот и задниот нишан;
- нов ударен механизам (чкрапало);
- нова конструкција на затворачот со застанување во задна положба по истрелувањето на последниот куршум од магазинот;
- цевката се изработува со помали производни толеранции;
- заради подобрување на точноста при рафална стрелба, изменети се динамичките одлики на автоматиката.
Извори
уреди- [1] Архивирано на 28 октомври 2014 г. (руски) официјално мрежно место на ОАО «Ижевский машзавод», 19 февруари 2012.