5G () — технолошки стандард од петтото поколение на широкопојасни мобилни мрежи, што компаниите за мобилни телефони почнале да го применуваат ширум светот во 2019 година, и е планиран заменик на 4G-мрежите што обезбедуваат поврзување со повеќето мобилни телефони. 5G-мрежите се предвидени да имаат повеќе од 1,7 милијарди претплатници и да сочинуваат 25 % од светскиот пазар на мобилна технологија до 2025 г., според Здружението GSM и Statista.[1] [2]

Како и нејзините претходници, мрежите 5G се мобилни мрежи, во кои сервисната област е поделена на мали географски области наречени ќелии. Сите 5G-безжични уреди во ќелијата се поврзани на интернет и телефонска мрежа со радиобранови преку месна антена во ќелијатa.[3] Покрај тоа што 5G-мрежата е побрза од постоечките мрежи, 5G има поголем пропусен опсег и на тој начин може да поврзе повеќе различни уреди, подобрувајќи го квалитетот на интернет-услугите во преполни области.[4] Поради зголемениот пропусен опсег, се очекува мрежите сè повеќе да се користат како општи даватели на интернет услуги (ISP) за лаптопи и десктоп-компјутери, натпреварувајќи се со постоечките интернет-провајдери, како што е кабелскиот интернет, а исто така ќе овозможат нови апликации во интернет-на- работи (IoT) и области од машина до машина. Само мобилните телефони со 4G-компонентата не можат да ги користат мрежите 5G.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Positive 5G Outlook Post COVID-19: What Does It Mean for Avid Gamers?“. Forest Interactive (англиски). Посетено на 2020-11-13.
  2. „Market share of mobile telecommunication technologies worldwide from 2016 to 2025, by generation“. Statista. February 2022.
  3. Hoffman, Chris (January 7, 2019). „What is 5G, and how fast will it be?“. How-To Geek website. How-To Geek LLC. Архивирано од изворникот на January 24, 2019. Посетено на January 23, 2019.
  4. „5G explained: What it is, who has 5G, and how much faster is it really?“. www.cnn.com. Посетено на 2021-11-27.

Надворешни врски

уреди
  •   5G на Ризницата ?