40М Туран
Среден тенк 40М Туран е унгарски среден тенк од Втората светска војна.
Историја
уредиПотребата за среден тенк на домашното производство е воочена во Унгарија уште во 1939 пред избивањето на војната: тестирани се тенковите кои постојат во Шведска и Италија (М 13/40), додека молбата за лиценцирано производство на германските модели е одлучно одбиена во декември во 1939. Во јуни 1940 година избран е чехословачкиот прототип Шкода Т-21[1] (унапредена верзија на ЛТ-35). Производството започнало со крајот на 1940 година : наручено било по 70 возила од фирмите WM и Raba, со фабриките MAWAG (40) и Ganz (50 возила), но првите тенкови биле испоручени дури во април во 1942. Овие тенкови требало да послужат во проширувањето на две постоечки моторизирани бригади во оклопни дивизии.[2]
Особености
уредиУнгарците го модифицирале чехословачкиот прототип Шкода Т-21[1] со повишување на куполата, со лесно појакнување на оклопот, со замена на чехословачкото оружје со унгарко и со додавање на унгарско радио. Куполата можела да смести три луѓе, што било голем придонес на ефикасноста. Главното оружје бил топ 41М калибра 40 mm (со 101 метак), со спрегнут митраљез МГ 34/40 Гебауер калибра 8 mm, со уште еден ист митраљез на трупот за радио-оператер.[2]
Туран II
уредиВо мај 1941 година на барањето на армијата тенкот бил унапреден под името 41М Туран II: тенкот бил сличен, но главното оружје било краткоцевен топ 41М со калибар од 75 мм, со малку подигнат кров на куполата да му се направи место. Од средината на 1944 година, со вратените возила на поправка се додавани перфорирани оклопни плочи околу куполата и трупот. Планираниот Туран III со долгиот топ од 75 мм, кој би му ја додал потребната против-тенковска способност, останал во фазата на прототип во 1944 г.[2]
Самоодната артиљерија
уредиШасијата на тенковите Туран I&II користена е за производство на возилата 40М Нимрод и 40М Зрињи.
Во борба
уредиОбата модела првпат се користени во 1944 година против Црвената армија во Галиција како дел 1 и 2 унгарска оклопна дивизија: 2 дивизија изгубила 3 четвртини од возилото за само неколку часа во борбата против советските Т-34 и ЈС-1/2, а потоа повторно кај Дебрецин со истиот резултат. Остатоците биле употребени во одбраната на Будимпешта (јануари-февруари 1945). Еден од заробените тенкови сега може да се види во рускиот музеј Кубинка.[1]
Наводи
уредиЛитература
уреди- Ness, Leland (2002). Jane's-World War II Tanks And Fighting Vehicles-The Complete Guide. London: HarperCollinsPublishers. стр. 119. ISBN 978-000711228-9.
Мађарска оклопна возила у Другом светском рату