„2010: Втора одисеја“ (англиски: 2010: Odyssey Two) — научнофантастичен роман на британскиот писател Артур Кларк, кој претставува продолжение на „2001: Вселенска одисеја.

Настанувањето на романот

уреди

Во ноември 1982 година, Кларк го напишал епилогот на романот „2001: Вселенска одисеја“ со наслов „По 2001“ во кој објаснува како настанало неговото продолжение. Имено, кога го завршил романот „2001: Вселенска одисеја“, тој воопшто не планирал да напише негово продолжение. Уште повеќе, според неговите зборови, во текот на следната деценија ја исмејувал и самата помисла на такво нешто, како нешто бесмислено. Меѓутоа, во меѓувреме, тој добивал многу писма од читателите, кои биле љубопитни да дознаат што се случило понатаму. Затоа, како едне вид интелектуална вежба, тој напишал еден нацрт-текст за можното продолжение, и тоа во форма на краток филмски синопсис при што еден примерок му испратил на режисерот Стенли Кјубрик, а еден на неговиот агент Скот Мередит. Кјубрик бил воздржан, но Мередит бил воодушевен и почнал да го убедува да ја напише книгата што ќе претставува продолжение на „2001: Вселенска одисеја“. Така настанал романот „2010: Втора одисеја“, а Кларк ја искористил 37. глава од првата книга како премин меѓу двата романа.[1]

Содржина

уреди

Наводи

уреди
  1. „Epilog: Posle 2001.“, во: Artur Klark, 2001: Odiseja u svemiru. Opatija: Otokar Keršovani, Beograd: Narodna knjiga, 1983, стр. 185-186.