Квадратен степен
(Пренасочено од (°)²)
Квадратен степен е единица за просторен агол со симбол (°)², кој од практични причини понекаде се претставува како степ2 или меѓународно, deg2. Со оваа единица се изразуваат делови од сферата, аналогно на степените што изразуваат делови од кружицата. Еден степен еднаков на π /180 радијани, па затоа еден квадратен степен е (π /180)2 или околу 1⁄3283 од стерадијан. Бројот на квадратни степени во една сфера е
или приближно 41.253 (°)². Ова е вкупната површина на сите 88 соѕвездија.
На пример, гледајќи од површината на Земјата, Месечината има пречник од околу 0,5°, што значи дека зафаќа просторен агол од приближно 0,20 (°)², што претставува 4,8 × 10−6 од вкупната небесна сфера.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Квадратните степени во астрономијата - Кралско астрономско друштво на Канада (англиски)