Шумски синец
Шумски синец | |
---|---|
Мажјак | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Lycaenidae |
Род: | Cyaniris |
Вид: | C. semiargus |
Научен назив | |
Cyaniris semiargus (Rottemburg, 1775) | |
Синоними | |
|
Шумски синец (Cyaniris semiargus) е пеперуга од семејството на пеперуги синци, од видот синци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Подвидови
уредиПодвидови на пеперугата се:[1]
- Cyaniris semiargus semiargus - Евроазија
- Cyaniris semiargus altaiana (Tutt, 1909) - Тијан-Шан, Алтај, Сајан
- Cyaniris semiargus amurensis (Tutt, 1909) - Амур, Јапонија
- Cyaniris semiargus atra (Grum-Grshimailo, 1885) - Алтај
- Cyaniris semiargus jiadengyunus (Huang & Murayama, 1992)- Алтај
- Cyaniris semiargus maroccana (Lucas, 1920 - Мароко
- Cyaniris semiargus tartessus (Gil-T. & Huertas, 2007) - Шпанија
- Cyaniris semiargus transiens Melcon, 1910 - Шпанија
- Cyaniris semiargus uralensis (Tutt, 1909) - Урал
Распространетост
уредиПеперугата живее во скоро цела Европа,[2] па сè до Мароко, Арктикот,[1] Блискиот Исток[3][4] и Сибир.
Живеалиште
уредиОвој вид живее во ливади, пасишта, тревни површини и полиња кои имаат цвеќиња. Живее до 2200 надморска височина. Претпочита места кои не се наѓубрени.[5]
Опис
уредиРаспонот на крилјата кај двата пола е сличен,[6] од 32 до 38 мм.[5][7]
-
Cyaniris semiargus ♂
-
Cyaniris semiargus ♂ △
Овие пеперуги имаат полов диморфизам. Мажјаците имаат крилја во темносина боја и со поголем пречник од женките. Горната страна на пеперугата има црна бордура и бели краеви.[8] Женките се кафеави. Долната страна е сивкаста.[8]
Двата пола немаат портокалови дамки и имаат темновиолетово или кафено тело.[9]
Биологија
уредиОваа пеперуга има една генерација годишно. Презимува како млада ларва. Возрасните единки летаат од мај до август.[5] Гасениците воглавно се хранат со растението Trifolium pratense, но и Trifolium medium, Trifolium spadiceum, Vicia cracca, Anthyllis, Genista и Melilotus.[1][10]
Галерија
уреди-
Женка
-
Парење
-
Група шумски синци
Литература
уреди- D.J. Carter (ill. B. Hargreaves), Guide des chenilles d'Europe, Delachaux et Niestlé, coll. «Les guides du naturaliste », 2001, 311 p. (ISBN 2-603-00639-8)
- Gil-T., F. & M. Huertas (2007): Description of Cyaniris semiargus tartessus subspec. nov. from the National Park of Doñana (SW. Spain) (Lepidoptera, Lycaenidae). ISSN 0171-0079 | Atalanta, 38(1/2): 185–188. Full article: [1].
- Haworth (1803) Haworth, A.H. (1803) Lepidoptera Britannica.
- Leach (1815) Leach (1815) In Brewster: The Edinburgh Encyclopædia.
- Lewin (1795) Lewin, W. (1795) The Papilios of Great Britain.
- Swainson (1827) Swainson, W. (1827) A Sketch of the Natural Affinities of the Lepidoptera Diurna of Latreille. The Philosophical magazine : or Annals of chemistry, mathematics, astronomy, natural history and general science.
- Tolman T., Lewington R. Collins Field Guide Butterflies of Britain & Europe — London : Harper Collins Publishers, 1997.— 320 p., 106 col. Pl
- Tom Tolman et Richard Lewington, Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, 2010 (ISBN 978-2-603-01649-7)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Funet
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2020-03-09.
- ↑ Во Сирија на пример, Graves, Philip P. (1905). „Notes on Egyptian and Syrian butterflies“. The Entomologist's Record and Journal of Variation. 19.
- ↑
„Specimens: Cyaniris semiargus“. www.theinsectcollector.com. Посетено на 2010-07-03.
Locality: Morocco Sub Species: maroccana
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано на 22 јули 2019 г.
- ↑ „UK Butterflies - Mazarine Blue - Cyaniris semiargus“. Посетено на 2010-07-03.
- ↑ „Cockayne Collection“. Natural History Museum. Архивирано од изворникот на 2011-01-08. Посетено на 2010-07-03.
- ↑ 8,0 8,1 Matt Rowlings Euro Butterflies
- ↑ „Mazarine Blue (Polyommatus semiargus) - Lycaenidae - Lepidoptera - Insecta - Wildaboutdenmark.com“. www.fugleognatur.dk. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-07-03.
- ↑ Paolo Mazzei, Daniel Morel, Raniero Panfili Moths and Butterflies of Europe and North Africa