Шумска хипархија
Шумска хипархија | |
---|---|
Примерок сликан во Андора | |
Мажјак, примерок сликан во Македонија | |
Научна класификација | |
Научен назив | |
Hipparchia fagi (Scopoli, 1763) | |
Синоними | |
Шумската хипархија (Hipparchia fagi) е пеперутка од подвидот на шаренци.[3]
Подвидови
уреди- Hipparchia fagi tetrica Fruhstorfer, 1907[2]
Животна средина
уредиОваа пеперуга може да се најде во скоро цела Европа, особено во јужниот дел на Континетот[2] (вклучително и во Македонија).[4] Таа живее во широколисни шуми, тревни површини на надморска висина до 1,600 метри.[5]
Опис
уредиПеперугата има распон на крилјата од 66 до 76 мм.[6] Овие големи пеперуги имаат темнокафеава горна страна на крилјата, со бела нијанска при крајот на крилјата, која е повидлива кај женките. На врвот на крилјата имаат темна дамка. За разлика од женките, мажјаците имаат и по една бледа дамка со бела точка во белиот појас во долниот дел.[7] Долниот дел на крилјата е сличен со горниот кај двата пола. Разликата е во основата на крилјата, каде долната страна има изразито кафеаво-црни шари, и тие не се присутни на горната страна.[8]
Овие пеперутки имаат одличен распоред на бои во поглед на камуфлажа во природна средина, особено на кората на дрвото. Тие најчесто се одмораат на кората на дрвото.[5] T
Гасеницата има светлокафена глава со четири темни шари. Телото е светлокафено.[9]
-
Женка
-
Парење.
-
Парење
-
Женка
-
Женка, долна страна
-
Мажјак
-
Мажјак, долна страна
Биологија
уредиВозрасните единки летаат од јуни до септември.[6] Овој вид на пеперуги имаат по една генерација годишно. Гасениците презимуваат, а ларвите се хранат со различни растенија, меѓу кои Brachypodium pinnatum, Bromus erectus, Festuca rubra, Holcus lanatus и Holcus mollis.[2][5]
Литература
уреди- Kudrna, O. (1977): A Revision of the Genus Hipparchia Fabricius. — 300 S., Faringdon – London
- Kudrna, O., Harpke, A., Lux, K., Pennerstorfer, J., Schweiger, O., Settele, J. & M. Wiemers (2011): Distribution atlas of butterflies in Europe. – 576 S.; Halle a.d. Saale
- Lionel G. Higgins et Norman D. Riley, Guide des papillons d'Europe, Delachaux et Niestlé, 1988, (Lausanne).
- Tom Tolman, Richard Lewington, Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, (ISBN 978-2-603-01649-7).
Наводи
уреди- ↑ INPN taxonomie
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 "Hipparchia Fabricius, 1807" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ Catalogue of life
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2021-01-25.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 IUCN Red List
- ↑ 6,0 6,1 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано на 22 јули 2019 г.
- ↑ Papillons du Poitou-Charentes
- ↑ Euro Butterflies by Matt Rowlings
- ↑ D.J. Carter et B. Hargreaves, Guide des chenilles d'Europe, Delachaux et Niestlé, 2001, ISBN 2-603-00639-8
Надворешни врски
уреди- Paolo Mazzei, Daniel Morel, Raniero Panfili Молци и пеперуги во Европа и Северна Африка
- Lepiforum.de