Шугејзинг

(Пренасочено од Шугејз)

Шугејзинг (англиски: shoegazing), исто така познат и како шугејз (shoegaze) или шугејзер (shoegazer) е жанр на алтернативен рок што се појавува во Велика Британија (поточно, на југот на Англија) во доцните 80-ти. Трае сѐ до средината на 90-тите со зенит во 1990-'91. Британскиот музички печат (во основа, NME и Melody Maker) го нарекувале овој жанр со кованицата "shoegazing" (shoe - чевла; gazing - гледање; т.е. зјапање во чевли) бидејќи музичарите од бендовите често биле неподвижни на сцена за време на концерти, стоејќи на сцената и зјапајќи во педалите за ефекти додека свиреле на нивните инструменти - оттука идејата дека тие "зјапале во нивните чевли".[1] Најсроден жанр на шугејзингот е дрим поп.

Името на Shoegaze е во врска со тоа колку гитаристи во жанрот зјапање во чевли

Шугејзинг бендовите биле под големо влијание на My Bloody Valentine и нивниот албум Isn't Anything (1988)[1], а во последно време и самиот овој бенд се смета за шугејзинг.[2] Вториот и последен албум на My Bloody Valentine наречен Loveless (1991) се смета за врвно музичко оствaрување и албум кој го дефинира шугејз звукот.[3] Значајно влијание за појавата на шугејзингот одиграле, освен My Bloody Valentine, и Cocteau Twins, The Jesus and Mary Chain, и Dinosaur Jr.[1] Инаку, зачетници и најтипични претставници на шугејзингот се групите Ride, Lush, Chapterhouse и Slowdive,[4] кои биле и први етикетирани како "шугејзинг" бендови. Други, нешто попознати бендови од овој стил се Catherine Wheel и The Boo Radleys.

Шугејзинг звукот се состои од екстензивно користење на гитарски ефекти, и нејасно пеење измешано со креативната бука на гитарите. Мал број од шугејзинг бендовите биле динамични изведувачи или пак интересни за интервјуирање, што им оневозможило да се пробијат на пазарот во САД.[1] Глобален опис за шугејз и другите поврзани бендови во Лондон во раните 90-ти е изразот "Сцената што се слави себеси" (The Scene That Celebrates Itself).[5] Во 90-тите, шугејз бендовите се истиснати од американското гранџ движење, што придонесува овие релативно непознати бендови или да се распаднат или да го преобмислат својот музички стил.[1] Во поново време, постои обновен интерес за жанрот меѓу таканаречените "ну-гејз" (nu-gaze) бендови [6] (како, на пр. Asobi Seksu, Serena Maneesh и др.)

Позначајни албуми

уреди

Некои позначајни шугејзинг албуми се:

  • Ride - Nowhere
  • Slowdive - Souvlaki
  • Catherine Wheel - Ferment, Chrome
  • Loop - Heaven's End
  • My Bloody Valentine - Isn't Anything, Loveless

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 All Music: Genre: Shoegaze Архивирано на 17 август 2014 г.. Посетено на 12 април 2007.
  2. „The Muso: "Shoegazing - A Brief Overview". Архивирано од изворникот на 2009-03-07. Посетено на 2009-02-02.
  3. 3am Music: Leave them all behind - 'shoegazing' and British indie music in the 1990s' Посетено на 2 февруари 2008.
  4. Patrick Sisson, "Vapour Trails", XLR8R no. 123, December 2008, p. 62.
  5. Lester, Paul (1992-09-12). "Whatever Happened to Shoegazing?" Melody Maker, p.6. посетено на 12 април 2007 од Proquest Research Library.
  6. Smart, James (2005-06-13). "Review: Pop: Ambulance LTD: The Venue, Edinburgh 3/5." The Guardian. Посетено на 12 април 2007 од Lexis Nexis Academic.