Што ми е лепо, убаво
македонска народна песна
„Што ми е лепо, убаво“ — македонска народна песна со христијански религиозен карактер, на македонски народен говор, во која се опева Дева Марија и нејзиниот син Исус. Во песната се споменуваат и Свети Никола и Свети Илија.
„Што ми е лепо, убаво“ | |
---|---|
Песна од Јонче Христовски | |
Јазик | македонски |
Објавена | 19?? |
Жанр | македонска народна музика |
Композитор(и) | непознат |
Текстописец | непознат |
Одлики
уредиАранжманот на верзијата испеана од Јонче Христовски е на Миодраг Божиновски.
Текст
уреди- Што ми е лепо, убаво,
- на високана планина,
- на онаа рамна, леле, рудина.
- Рајските софри, ставени,
- најгоре Свети Никола,
- до него Свети, леле, Илија.
- Меѓу нив сестра Марија,
- со Христа Бога на раце,
- со златно капче, леле, на глава.
- Свиле се до два облака,
- кренале ми го Ристоса,
- кренале ми го, леле, в небеса.
- Седна Марија да плачи,
- Свети Никола е теши,
- Свети Никола, леле, ѝ вели:
- - Молчи ми, сестро Маријо,
- ние ќе ти го земиме,
- на занат ќе го, леле, дадеме.
- На занат ќе го дадеме,
- да прави страшни мостои,
- да врват грешни души, грешници.
Надворешни врски
уреди- Што ми е лепо, убаво во изведба на Јонче Христовски, на Јутјуб