Шкотска национална партија

Шкотска национална партија (на англиски: Scottish National Party, на гелски: Pàrtaidh Nàiseanta na h-Alba, на шкотски: Scots National Pairty) — политичка партија во Обединетото Кралство. Партијата поддржува и води кампањи за независност на Шкотска од Обединетото Кралство и членство на независна Шкотска во Европската унија,[1][2][3] преку политичка платформа заснована на граѓански национализам.[4][5] Шкотската национална партија е трета најголема политичка партија според членство во Обединетото Кралство, зад Лабуристичката партија и Конзервативната партија. Таа е најголемата политичка партија во Шкотска, поседувајќи најмногу места во Шкотскиот парламент и 47 од 59 шкотски места во Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство. Актуелниот лидер на партијата Никола Стерџен е прв министер на Шкотска од 2014 година.

Лого на Шкотската национална партија

Партијата е создадена во 1934 година преку спојувањето на Националната партија на Шкотска и Шкотската партија.

Наводи

уреди
  1. Frans Schrijver (2006). Regionalism After Regionalisation: Spain, France and the United Kingdom. Amsterdam University Press. стр. 261–290. ISBN 978-90-5629-428-1. Архивирано од изворникот 1 мај 2016. Посетено на 25 ноември 2015.
  2. Michael O'Neill (22 мај 2014). Devolution and British Politics. Routledge. стр. 92. ISBN 978-1-317-87365-5. Архивирано од изворникот 4 мај 2016. Посетено на 25 ноември 2015.
  3. Gallardo, Cristina (27 ноември 2019). „Scottish National Party's manifesto explained“. Politico. Лондон. Посетено на 4 мај 2020. The SNP wants Scotland to become an independent country and stay in the European Union.
  4. Mitchell, James; Bennie, Lynn; Johns, Rob (2012), The Scottish National Party: Transition to Power, Oxford University Press, стр. 107–116
  5. Keating, Michael (2009), „Nationalist Movements in Comparative Perspective“, The Modern SNP: From Protest to Power, Edinburgh University Press, стр. 214–217

Надворешни врски

уреди