Шетоње
Шетоње — село сместено во општина Петровац на Млави во Србија .[1]
Опис
уредиКомпактна селска населба, на широк завар (165 метри), во подножјето на планината Хомоље (940 метри), северозападно од врвот Јежевац (723 метри), 14 километри југоисточно од Петровац на Млави. Површината на атарата е 3.589 хектари. Опфаќа две целини: Извор (Извар) и Шетоње, кое го дели Шетоњска река, лева притока на Млава. Изворот порано бил самостојна населба, за што сведочат пишаните документи од XVIII век каде по наредба на кнезот Милош била споена со Шетоњ и оттогаш административно е една населба. Шетоње се споменува во дубровничките извори (1330, 1399 - „Шетонски обичаи“, 1509 и 1512 г.) и турските дефтери (1467 - 17 куќи). Во 1733 година, кога имала 14 домови, тоа било седиште на истоимената парохија.
Населението е српско (слави Свети Никола, Св. Јован, Ѓурѓиќ, Св. Аранѓел и др).
Наводи
уреди44°16′12″N 21°28′37″E / 44.27000° СГШ; 21.47694° ИГД
Оваа статија поврзана со Србија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |