Шесто сетило (филм)

(Пренасочено од Шесто сетило)

Шесто сетило (англиски: The Sixth Sense) — психолошки хорор-филм снимен во 1999 година на писателот и режисер М. Најт Шјамалан. Ја раскажува приказната за Кол, изолирано и проблематично момче (Хејли Џоул Осмент) кое тврди дека може да гледа мртви луѓе и да зборува со нив (од овој филм е познатата реплика „Гледам мртви луѓе“) и исто толку проблематичен детски психолог (Брус Вилис) кој се обидува да му помогне.

„Шесто сетило“
Американски постер за филмот
РежисерМ. Најт Шјамалан
СценаристМ. Најт Шјамалан
Главни улогиБрус Вилис
Хејли Џоул Осмент
Тони Колет
Оливија Вилијамс
КинематографијаТак Фуџимото
МонтажаAndrew Mondshein
ДистрибутерБуена виста
Премиера6 август 1999
Времетраење107 мин.
Јазиканглиски
Буџет$55,000,000
Бруто заработка$672,806,292

Филмот беше номиниран за шест Оскари, вклучувајќи и Најдобар филм.

Дејство

уреди

На почетокот на филмот, д-р Малком Кроу (Брус Вилис), познат детски психолог, се враќа дома со жена му Ана Кроу (Оливија Вилијамс) од настан каде што бил почестен за неговиот труд со деца. Обајцата откриваат дека не се сами дома – речиси гол, пореметен маж наречен Винсент Греј (Дони Валберг) се појавува на прагот од нивната бања со пиштол и вели „Веќе не сакам да се плашам“. Винсент е лут на Кроу затоа што не успеал да му помогне, а Кроу успева да се сети дека Винсент како дете му бил пациент кој го лечел поради неговите халуцинации. Винсент го проколнува Малколм поради неговата неспособност да му помогне и пука во него, а потоа во себе. Сцената постепено се губи со Ана покрај Малколм...

Наредната есен, Малколм работи со друго исплашено момче, деветгодишниот Кол кој има симптоми слични на Винсент. Малколм се посветува на пациентот од страв повторно да не згреши како со Винсент. Во меѓувреме, неговата врска со жена му се лади.

Малколм ја стекнува довербата на Кол и тој му признава дека „гледа мртви луѓе“. И покрај тоа што Малколм е скептичен на почеток, евентуално почнува да верува дека Кол ја кажува вистината и дека Винсент може да ја имал истата способност. Ова го сфаќа откако преслушува стари аудио записи од неговите сесии со Винсент и ги слуша гласовите на мртвите луѓе во позадина. Тој го советува Кол да најде цел за неговата способност; можеби да им помага на духовите со нивните нерешени работи на Земјата. Отпрвин, Кол го одбива тоа бидејќи духовите го плашат, но подоцна се решава да проба.

Кол разговара со еден до духовите – болно девојче кое се појавува во неговата соба. Тој открива каде живеело девојчето, Кира Колинс (Миша Бартон), и се појавува во нејзината куќа за време на нејзиното бдеење. Кира се појавува како дух и му покажува кутија во која тој наоѓа видео касета. Кол ќе ја даде касетата на татко ѝ на Кира се открива дека маќеата на Кира ја труела со храна и тоа довело до нејзина смрт. Верувајќи дека оваа моќ може да ја користи за такви позитивни случаи, Кол ѝ ја кажува тајната на мајка му, Лин. Иако на почетокот не му верува, подоцна се уверува кога Кол ќе ѝ каже дека нејзината мајка (баба на Кол) некогаш кога била мала отишла да ја гледа во училиште во некоја претстава, но седела во задните редови каде не може да се види. Исто така, тој ѝ го одговара прашањето што таа еднаш сама го поставила на гробот на мајка ѝ.

Малколм по успешно решениот случај на Кол си ја враќа самодовербата и се враќа дома кај жена му, која во тој момент спие на каучот додека на телевизорот се гледа нивната свадба, што не е првпат. Како што спие, од раката на Ана паѓа венчалниот прстен на Малколм кој сфаќа дека дотогаш не го носел и доаѓа до неочекуван пресврт: Малколм е всушност еден од духовите кои ги гледа Кол. Тој, откако Винсент пукаше во него на почетокот на филмот, починал. Благодарение на Кол, незавршената работа на Малколм — да ја поправи грешката што не го разбрал Винсент — е завршена. Малколм се сеќава и на советите на Кол да зборува на жена му додека таа спие и тој тоа го прави — ѝ вели дека таа никогаш не била на второ место и дека ја љубел. Со тоа ја ослободува да може да продолжи со својот живот, а и тој може да го напушти Земјениот свет.

Надворешни врски

уреди