Швилме
Швилме (германски: Schwülme) — река, долга 29 километри, десна притока на реката Везер, која тече низ сојузните покраини Долна Саксонија и Хесен, Германија.
Устието на Швилме кај Липолдсберг | |
Место | Хесен и Долна Саксонија, Германија |
---|---|
Должина | 29 км |
Извор | западно од Хетензен 51°22′24″N 9°26′45″E / 51.3734° СГШ; 9.4457° ИГД |
Висина на изворот | околу 332 м над м.н. |
Утока | кај Липолдсберг во Везер 51°37′39″N 9°33′14″E / 51.627398° СГШ; 9.553830° ИГД |
Висина на утоката | околу 106 м над м.н. |
Спуст | ~ 226 м |
Слив | Везер |
Одлив | Везер → Северно Море |
Слив | 289,753 км² [1] |
Извор
уредиРеката потекнува од округот Нортхајм (јужна Долна Саксонија) во југоисточните делови на Золинг во областа на врвовите Штеберг (433 м) и Брамбург (461 м) од неколку потоци.
Тек
уредиШвилме тече на почетокот кон исток и малку подоцна врти кон југ преку Хетензен и Ледингзен кон Аделебзен. Потоа врти кон запад, примајќи ги водите на Аушнипе и продолжувајќи кон северозапад. Потоа, тече низ Офензен, Ферлихаузен и Алберсхаузен, а помеѓу последните две места ги прима водите на Але. Потоа тече кон запад кон округот Касел.
Устие
уредиНа крајот Швилме тече кон запад и се влева во Везер во близина на местото Липолдсберг на надморска височина од 107 метри.
Сливно подрачје и притоки
уредиНајважна притока на Швилме, чие сливно подрачје е 290,1 км2 (22,07 км2 во Хесен), е реката Але. Друга поголема притока е Аушнипе.