Швајцарска народна партија
Швајцарска народна партија (на германски: Schweizerische Volkspartei, SVP, на реторомански: Partida populara Svizra, PPS), позната и како Демократски сојуз на центарот (UDC, на италијански: Unione Democratica di Centro, на француски: Union démocratique du centre) — национал-конзервативна, десничарска популистичка политичка партија во Швајцарија. Согласно изборите во 2019 година, партијата е најбројна во Националниот совет со 53 од 200 места. Во 2015 година партијата имала околу 90.000 членови.[1]
Швајцарската народна партија настанала во 1971 година од спојувањето на Партијата на земјоделците, трговците и независните и дел од Демократската партија. Швајцарската народна партија претрпела длабоки структурни и идеолошки промени во текот на 1990-тите години. Партијата станала најсилната политичка партија во Швајцарија во 2000-тите години.[2] Партијата постепено почнала сè повеќе да се фокусира на прашања како што се евроскептицизмот и спротивставувањето на масовната имиграција.
Гласачкиот удел на Швајцарската народна партија од 28,9% на изборите за Федералниот совет во 2007 година бил најголемиот гласачки удел некогаш забележан за една политичка партија во Швајцарија сè до 2015 година, кога партијата го надминала сопствениот рекорд со гласачки удел од 29,4%.[3][4]
Изборни резултати
уредиИзбори | Гласови | % | Места | +/– |
---|---|---|---|---|
1971 | 217.908 | 11.1 (#4) | 23 / 200
|
|
1975 | 190.445 | 9.9 (#4) | 21 / 200
|
▼ 2 |
1979 | 210.425 | 11.6 (#4) | 23 / 200
|
▲ 2 |
1983 | 215.457 | 11.1 (#4) | 23 / 200
|
▬ |
1987 | 211.535 | 11.0 (#4) | 25 / 200
|
▲ 2 |
1991 | 240.353 | 11.9 (#4) | 25 / 200
|
▬ |
1995 | 280.420 | 14.9 (#4) | 29 / 200
|
▲ 4 |
1999 | 440.159 | 22.5 (#1) | 44 / 200
|
▲ 15 |
2003 | 561.817 | 26.6 (#1) | 55 / 200
|
▲ 11 |
2007 | 672.562 | 28.9 (#1) | 62 / 200
|
▲ 7 |
2011 | 641.106 | 26.6 (#1) | 54 / 200
|
▼ 8 |
2015 | 740.954 | 29.4 (#1) | 65 / 200
|
▲ 11 |
2019 | 620.343 | 25.6 (#1) | 53 / 200
|
▼ 12 |
Наводи
уреди- ↑ The Swiss Confederation — A Brief Guide. Federal Chancellery. 2015. стр. 18. Архивирано од изворникот (PDF) на December 20, 2016. Посетено на December 14, 2016.
- ↑ Cormon, Pierre (2014). Swiss Politics for Complete Beginners. Editions Slatkine. ISBN 978-2-8321-0607-5. Архивирано од изворникот на 2014-11-04.
- ↑ „Record poll win for Swiss right“. BBC News. 22 октомври 2007. Посетено на 15 февруари 2011.
- ↑ „Anti-immigration party wins Swiss election in 'slide to the Right'“. The Daily Telegraph. Reuters. 19 октомври 2015. Посетено на 19 октомври 2015.