Шарлотенборг (велепоседнички дом)

велепоседнички дом во Шведска

Шарлотенборг (Charlottenborgs slott) е велепоседнички дом во Мотала на брегот на Мотала во округот Естерјетланд, Шведска.[1]

Замокот Шарлоттенборг Мотала Шведска
Замокот Шарлоттенборг Мотала Шведска

Замокот бил изграден во средината на 17 век од грофот Лудвиг Вирих Левенхаупт (1622-1668) и именуван во чест на неговата сопруга, Шарлот фон Хоенлохе-Нојштајн (1626-1666). Шарлотенборг била поранешна резиденција на генералот Адам Лудвиг Левенхаупт (1659-1719) и инженерот Даниел Фрејзер (1787-1849). Куќата од средината на седумнаесеттиот век, е прикажана со гравирање во топографијата Suecia antiqua et hodierna од Ерик Далберг (1625-1703), таа била изградена на помодерен начин во осумнаесеттиот век.[2][3][4]

Од 1959 година, дворецот е во сопственост на Општина Мотала. Денес во Шарлотенборг се наоѓа Музејот Мотала, со изложби за локалната историја. Музејот исто така изложува и уметност од 17 век до 20 век. Меѓу застапените уметници има дела од Бруно Лиjeфорс (1860–1939) и Јохан Крутен (1858–1932).[5][6][7]

Наводи

уреди
  1. „History“. Motala Museum. Архивирано од изворникот на 27 August 2008. Посетено на 16 May 2012.
  2. „Erik Jönsson Dahlberg“. Treccani. Посетено на December 1, 2019.
  3. Robert Ekinge. „Lewenhauptarna på Charlottenborg“ (шведски). Архивирано од изворникот на 18 September 2012. Посетено на 16 May 2012.
  4. „Adam Ludwig Lewenhaupt“. Svenskt biografiskt lexikon. Посетено на December 1, 2019.
  5. „Charlottenborgs slott“. motala.se. Архивирано од изворникот на 2019-12-19. Посетено на December 1, 2019.
  6. „Bruno Andreas Liljefors“. Svenskt biografiskt handlexikon. Посетено на December 1, 2019.
  7. „Johan Krouthén“. linesandcolors.com. Посетено на December 1, 2019.