„Шангајско пладне“ (англиски: Shanghai Noon) — американски филм од 2000 година, во режија на Том Деј (Tom Dey) по сценариото на Мајлс Милар (Miles Millar) и Алфред Гау (Alfred Gough). Главните улоги ги играат: Џеки Чен (Jackie Chan), Овен Вилсон (Owen Wilson), Луси Лиу (Lucy Liu), Брендон Мерил (Brandon Merrill), Роџер Јуан (Roger Yuan) и Зандер Беркли (Xander Berkeley).[1]

Синопсис

уреди

Принцезата Пеј Пеј (ја игра Лиу) е грабната од Забранетиот Град и одведена на Дивиот Запад. Припадниците на царската гарда, меѓу кои и Чонг Ванг (го игра Чен) заминуваат во потрага по принцезата. Меѓутоа, нивниот потфат уште на почетокот доживува неуспех, зашто еден разбојник го убива вујко му на Ванг. Затоа, Ванг поаѓа во потрага по водачот на разбојничката банда, Рој О‘Бенон (го игра Вилсон), но сфаќа дека тој не е виновен за смртта на вујко му, па се здружува со разбојникот, свесен дека без туѓа помош нема да ја спаси принцезата...

Наводи

уреди