Шамп (англиски: Champ) или Шампи[1] е дадено име на криптозоолошко суштество кое наводно живее во езерото Шамплејн. Наводно се појавува во две држави, Канада и САД. Иако не постои ниту еден научен доказ дека оваа суштество постои, имало преку 300 пријавени суштества.[2] Оваа легенда привлекува туристи во многу области како што се Берлингтон и Платсбург.[3]

Живеалиште

уреди

Езерото Шамплејн е долго 201 километри, и само е неколко милји оддалечено од Квебек. Во селото Порт Хенри се одржува "ден на Шампот" првата сабота во секој август. Во некои села и градови околу езерата се користиле илустрации на Шамп како лого.

Мансијева фотографија

уреди
 
Карта на езерото Шамплејн.

Во 1977 Сандра Манси била на одмор со својата фамилија на езеро Шамплејн. Тогаш ја сликала фотографијата на која се гледа како еден чуден предмет ѕирка од езерото. Постојат многу теории, но сепак повеќето тврдат дека тоа не може да е Шамп. Причината за тоа е што целиот залив во кој фотографијата настанала не е длабок повеќе од 4 метри. Се зборува дека не е можно ова суштество со налик на Шамп таму да се скрие и да плива, односно Шамп се опишува како многу поголемо суштество.[4]

Наводи

уреди
  1. Caudell, Robin (Nov 5, 2011). „Gordie Little writes children's book“. Press-Republican. Посетено на Dec 9, 2014.
  2. „Champ, the Famed Monster of Lake Champlain“. Lake Champlain Land Trust. Архивирано од изворникот на 7 април 2010. Посетено на 25 октомври 2009.
  3. Joe, Nickell (July–August 2003). „Legend of the Lake Champlain Monster“. Skeptical Inquirer. CSI. Посетено на 3 април 2010.
  4. „Legend of the Lake Champlain Monster“. The Committee for Skeptical Inquiry. Посетено на 31 октомври 2010.

Надворешни врски

уреди

.