Чудо за десет дена (филм)
„Чудо за десет дена“ (француски: La Décade prodigieuse) — француско-италијанскифилм од 1971 година во режија на Клод Шаброл (Claude Chabrol) по сценариото на Фредерик Дане (Frederic Dannay), Манфред Ли (Manfred Lee), Пол Гегоф (Paul Gégauff и Марлен Жобер (Marlène Jobert). Филмот е снимен по истоимениот роман на Елери Квин (Ellery Queen). Главните улоги ги играат: Мишел Пиколи (Michel Piccoli), Ентони Перкинс (Anthony Perkins), Марлен Жобер и Орсон Велс (Orson Welles)..[1]
Синопсис
уредиМладиот вајар Шарл Ван Хорн се буди со крвави раце и го ангажира професорот по философија Пол Реџис да испита што се случило. Тие одат во вилата во Алзас во која богатиот очув на Шарл глуми дека е бог. Во вилата сè се случува како во 1925 година: од облеката на слугата до младата сопруга на милијардерот, Елен. Во настаните што следат се испреплетуваат многу нешта: десетте божји заповеди, страста, уцената, итн.