Чудото на љубоморниот маж
Чудото на љубоморниот маж — фреска од италијанскиот ренесансен мајстор Тицијан, насликана во 1511 година како дел од украсувањето на Скуола дел Санто во Падова, северна Италија.[1]
Творец | Тицијан |
---|---|
Година | 1511 |
Вид | фреска |
Место | Скуола дел Санто, Падова |
Фреската прикажува маж кој ја прободува својата сопруга откако таа е неправедно обвинета за прељуба. Кога мажот ја открива вистината, тој му се моли за помилување на Свети Антониј, кој ја оживува жената (оваа сцена е прикажана со помала големина десно). Идиличната позадина е инспирирана од сликите Џорџоне.
Младиот Тицијан ја насликал големината на кренатата рака на жената во центарот на дејството, вајајќи ја во релјеф, наместо да ја слика илузионистички.[2]
Наводи
уреди- ↑ it:Miracolo del marito geloso
- ↑ Sergio Rossetti Morosini, "Titian, The Miracle of the Jealous Husband, 1511", in New Findings in Titian's Fresco Technique at the Scuola del Santo in Padua, The Art Bulletin; March 1999, Volume LXXXI Number 1.
Литература
уреди- Gentili, Augusto (1990). Tiziano. Giunti Editore. стр. 14.
- Sergio Rossetti Morosini, "Titian, The Miracle of the Jealous Husband, 1511", in New Findings in Titian's Fresco Technique at the Scuola del Santo in Padua, The Art Bulletin; March 1999, Volume LXXXI Number 1.