Чудесната Жена
Чудесната Жена (англиски: Wonder Woman) — суперјунакиња од стрипови издадена од DC Comics. Таа првпат се појавила во All Star Comics #8, објавена во декември 1941 г. Чудесната Жена е амазонска принцеза (заснована на грчката митологија), позната во нејзината татковина како Дијана. Дијана редовно се појавувала во стрипови почнувајќи од 1941 г., со исклучок на краток период по Кризата на бесконечните земји во 1986 г., и станала една од најпопуларните ликови на златната епоха на стриповите и била една од само петте чии приказни продолжиле да бидат објавени по Втората светска војна. Таа е една од ретките популарни жени во стриповите. Дијана е сериозна, искусна јунакиња, но во срцето е љубезна, дружељубива и сочувствителна, подготвена да им помага на сите, важи за феминистичка икона и за исклучително привлечна жена не само според стандардите на суперхероите.[1][2][3][4]
Наводи
уреди- ↑ Moon, Michael (March 12, 2012). Darger's Resources (англиски). Duke University Press. ISBN 978-0822351566.
- ↑ Catherine Bennett. „The Secret History of Wonder Woman review – is this what a feminist looks like? | Books“. The Guardian. Архивирано од изворникот декември 14, 2016. Посетено на декември 14, 2016.
- ↑ „Wonder Woman's Kinky Feminist Roots“. The Atlantic. Архивирано од изворникот јануари 17, 2017. Посетено на декември 14, 2016.
- ↑ Caplan, Rebecca. „Wonder Woman's Secret Past“. The New Yorker. Архивирано од изворникот декември 16, 2016. Посетено на декември 14, 2016.
Надворешни врски
уреди„Чудесната Жена“ на Ризницата ? |
- Gravett, Paul (October 2015). „The Secret History of Wonder Woman: An Interview With Jill Lepore“. Comic Heroes Magazine. Бр. 25. Архивирано од изворникот September 16, 2020 – преку Paul Gravett official website.
- Amazon Archives