Чоканче (музичка група)

Чоканчемакедонска рокенрол музичка група од Битола. Препознатливи се по својот брз рокенрол звук, но често имаат и хеви метал и хард-рок песни. Нивното име потекнува од малото шишенце-чашка за ракија кое се нарекува чоканче.

Чоканче
Животописни податоци
ПотеклоБитола, Македонија
Жанровирокенрол, хеви метал
Период на активност(прв настап Гитаријада 1983) 1991–денес
Членови
Бранко Шпољариќ - Паљачо (вокал)
Игор Беговски - Кебапо (гитара)
Крсте Симоновски - Крцо (бас-гитара)
Зоран Илиевски - Скроч (гитара)
Кире Бабинкостов (тапани)

Првиот настап го имале на Гитаријада во киното „Партизан“ во Битола во 1983 година. Врвот на својата активност го доживуваат кон крајот на осумдесеттите и особено во почетокот на деведесеттите години на XX век, по осамостојувањето на Македонија. Во својата 20-годишна кариера бендот успеал да реализира еден двоен албум (Чоканче 1 и Чоканче 2), за кој велат дека е прв двоен албум во Македонија[1]. Иако има бројна и верна рок-публика, Чоканче сите овие години делува крајно на маргините, во милост и немилост на медиумите. Досега групата самостојно настапувала ширум Македонија, а била и предгрупа на Дивље јагоде, Рибља чорба и Бајага[1], при што секаде била добро прифатена. Во својата биографија, осврнувајќи се на дваесетгодишната кариера, членовите на Чоканче истакнуваат дека за цело ова време, во функција на добра свирка и расположение уништија неколку цистерни најразновиден алкохол, додавајќи на крајот дека Чоканче оди понатаму!

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди