Човекот со четири часовници

Човекот со четири часовници - расказ на македонски писател Александар Прокопиев објавен во 2003 година во издание на „Магор“.[1]

За книгата

уреди

Збирката раскази Човекот со четири часовници ги кондензира најдобрите аспекти од прозата на Александар Прокопиев: лежерен и ненаметлив раскажувачки стил, умешност за забележување на деталите и нивна симболичка трансформација, страсна вљубеност во раскажувањето приказни. Низ книгата дефилираат мноштво ликови кои освојуваат со својата непосредност и едноставност. Тие колку и навидум да изгледаат секојдневни, секогаш имаат во себе една заедничка нишка: светот го перципираат на малку „одлепен“ начин. Авторот со номадски шарм патува низ различните опсесии на современиот човек, не плашејќи се да биде и автореференцијален и автоироничен, пишувајќи раскази кои на моменти се доближуваат и до есејот, колумната или документарното. Но, сето тоа го прави со писателска вештина со која мешањето на жанровите изгледа толку природно. Александар Прокопиев, човекот-играч во македонската литература, со оваа книга уште еднаш покажува дека најголемиот витамин за книжевноста е самиот живот, кој кога ќе се сфати како игра се претвора во уметност.

Наводи

уреди
  1. „Човекот со четири часовници“. https://kupikniga.mk/product/chovekot-so-chetiri-chasovnitsi/. Надворешна врска во |work= (help)[мртва врска]

Надворешни врски

уреди