Кречетало
музички инструмент
(Пренасочено од Чкртало)
Кречетало[1] или чкртало – детски идиофоничен удирачки дрвен инструмент. Го прават самите деца напролет од врбово дрво. Има четири главни делови – четириаголна рамка, јазиче, запченик и рачка со оска што го врти запченикот. При вртење на запченикот со рачката, јазичето удира од еден во друг забец на запченикот и така се произведува брзо чкртање со остар звук. Децата се забавуваат натпреварувајќи се преку создавање најсилен звук.[2]
Галерија
уреди-
Кречетало користено за тревога од отровен гас во Втората светска војна
-
Во некои европски земји, кречетала биле користени наместо камбани за време на Пасхалното тридневиe, трите дена пред Велигден
-
Вид кречетало користено во јудаизмот
-
Пластична верзија на кречетало
-
Француско кречетало од 14 век
Наводи
уреди- ↑ „кречетало“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 758. ISBN 978-608-203-023-4.