Читач на картички

Читач на мемориски картички (англиски: memory card reader) е уред кој служи за комуникација со паметната картичка или флеш мемориска картичка.
Читач на бизнис картички (англиски: business card reader) е уред кој служи за скенирање и електронско потхранување на деловни/бизнис картички.
Читач на магнетни картички (англиски: magnetic card reader) е уред кој служи за скенирање на содржината на магнетната лента втисната на картичката.

Читачи на паметни картички

уреди
 
Icon
Поврзано: Паметна картичка со контакт и Паметна картичка без контакт.

Читачот на паметни картички е електронски уред којшто чита паметни картички. Некои компјутерски тастатури имаат вграден читач на картички. Постојат читачи на картички (надворешни или вградени) за лични сметачи. Некои лаптоп компјутери имаат вграден читач на паметни картички.

Некои читачи имаат флеш меморија во која е вграден софтвер кој може по потреба да се надградува. Читачот на паметни картички кога ќе се вметне картичката обезбедува електричен напон за функционирање на втиснатите елктронски кола. Комуникацијата се одвива преку протоколи со помош на кои може да се чита и пишува на фиксни адреси од картичката.

Комуникациски протоколи
Назив Опис
T=0 Асинхрон half-duplex byte-level transmission протокол
T=1 Асинхрон half-duplex block-level transmission протокол
T=2 Резервиран за идни full-duplex операции.
T=3 Резервиран за идни full-duplex операции.

Читачи на мемориски картички

уреди

Читачот на мемориски картички е уред, кој вообичаено има USB интерфејс, за пристап до податоците на мемориската картичка како што се CompactFlash (CF), Secure Digital (SD) или MultiMediaCard (MMC). Повеќето читачи на мемориски картички имаат можности и за впишување на податоци, па заедно со картичката може да функционираат како складишта на податоци.

Во денешно време читачите на картички можат да се категоризираат во три групи според типот и бројот на слотовите за картички: единечен читач на картички, мулти читач на картички (пример 9-во-1) и сериски читач на картички. Исто така постојат некои видови на мемориски картички со USB функции за кои нема потреба од читач на картички, како што е Intelligent Stick мемориската картичка, која може директно да се вметне во USB слотот.

Поврзано

уреди