Чилдирски пашалак
Чилдирскиот ејалет (отомански јазик: ایالت ایالت چلدر; Eyālet-i Čildir[1]) бил ејалет на Отоманското Царство во Југозападен Кавказ. Областа на поранешниот Чилдирски ејалет сега е поделена меѓу Самцхе-Џавахетија и Аџарија во Грузија и провинциите Артвин, Ардахан и Ерзурум во Турција. Административен центар бил градот Чилдир помеѓу 1578-1628, Ахалцихе помеѓу 1628 и 1829 и Олту помеѓу 1829-1845 година.
Eyālet-i Čildir | |||||
Ејалет на на Османлиското Царство | |||||
| |||||
Чилдирски ејалет во 1609 | |||||
Главен град | Чилдир 1578-1628; Ахалцихе 1628-1829 Олту 1829-1845 | ||||
Историја | |||||
- | Битка кај Чилдир | 1578 | |||
- | Укината | 1845 |
Османлиите го презеле регионот околу Ахалцихе од Кнежевство Гурија, вазална земја на Сефевидите. Во 1578 година, кога новата покраина била основана, Османлиите го назначиле поранешниот грузиски принц Минучир (кој го зел името на Мустафа по примање на исламот) како прв гувернер[2].
Во текот на Руско-турската војна (1828-1829), Русите ја окипирале покраината. Административниот центар се пресели од Ахалцихе, кој бил отстапен на Русија па по ова истиот се пременстил во Олту. Поголемиот дел од ејалетот бил отстапен на Русија, додека останатиот дел бил приклучен кон Ејалетот Карс.
Наводи
уреди- ↑ The penny cyclopædia, p. 180, при Гугл книги, Society for the diffusion of useful knowledge
- ↑ Encyclopedia of the Ottoman Empire, p. 141, при Гугл книги By Gábor Ágoston, Bruce Alan Masters