Индиго

(Пренасочено од Чивит)

Индиго[1][2] (португалски или шпански Индиго, од латински индицум, од грчки: индиски) или чивит[3][4]сина боја позната уште од античко време, дериват на индол. Порано најважната боја, билае добивана од т.н. индиго растенија (Индигофера тинктура). Листовите биле обработувани со врела вода при што бил издвојуван безбојниот индоксил беше изолиран како еден од производите добиен при распаѓањето на гликозида индикана. Индоксилот потоа се претворал во индиго со оксидација со воздух. Од крајот на XIX век била одредена структурата на природното индиго при што била добиена неговатаа хемиска синтеза. Оттогаш, се произведува само синтетички, од анилин и етилен оксид или од нафталин. Неговата главна предност во однос на природното индиго е повисокиот интензитет на боја. Во чиста состојба, индиго е прашок, кој кога се раствора во алкален медиум со средство за редукција, дава интензивна сина боја, па затоа се користи во текстилната индустрија за боење и печатење. Денес, синтетичката индиго е малку потисната од новите видови на синтетички бои [5],[6].

Индиго во вид на грутка пигмент

Извор

уреди
  • Хрватска Енциклопедија број 5 (Hu-Km), str. 74. Za izdavača:Leksikografski zavod Miroslav Krleža, Zagreb 2000.g. ISBN 953-6036-29-0 (cjelina) i 953-6036-32-0

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  • Wikisource inline|Littell's Living Age/Volume 145/Issue 1869/Definition of the Color Indigo|An 1869 debate over whether "indigo" is an appropriate term for the spectral color.