Четириаголен кристален систем

Четириаголен кристален систем (тетрагонален кристален систем) — еден од седумте кристални системи во кристалографијата. Ваквите кристални решетки произлегуваат од истегнување на коцкеста решетка долж еден од нејзините решеткени вектори, така што коцката станува правоаголна призма со квадратна основа (a по a) и висина (c, која е различна од a).

Црвен циркон (1 см) од Гилгит, Пакистан.

Бравеови решетки

уреди

Дводимензионални

уреди

Постои само една четириаголна Бравеова решетка во две димензии: квадратната.

Бравеова решетка Квадратна
Пирсонов симбол tp
Единична ќелија  

Тридимензионални

уреди

Постојат три четириаголни Бравеови решетки: проста (со истегнување на проста коцкеста решетка) и центрирана (со истегнување на страноцентрираната или телоцентрираната коцкеста решетка). Може да се претпостави дека со истегнувањето на страноцентрирана коцка би се добило страноцентрирано четириаголнно тело, но тоа е еквивалентно на телоцентрираното четириаголно тело (со помалку меѓупростор на решетките). Второспоменатото се смета за пофундаментално, па затоа ова е стандардна терминологија.[1]

Бравеова решетка Примитивна
четириаголна
Телоцентрирана
четириаголна
Пирсонов симбол tP tI
Единична ќелија    

Кристални класи

уреди

Подолу се наведени точковните групи кои спаѓаат во овој кристален систем заедно со нивните претставувања според разни записи и примери на такви минерали.[2][3]

Бр. Точковна група Вид Пример Просторни групи
Назив[4] Меѓун. Шен. Орб. Кокс. Примитивна Телоцентрирана
75–80 четириаголно пирамидална 4 C4 44 [4]+ енантиоморфна поларна пиноит,
пијпит
P4, P41, P42, P43 I4, I41
81–82 четириаголно дисфеноидна 4 S4 [2+,4+] канит, тугтупит P4 I4
83–88 четириаголно двопирамидална 4/m C4h 4* [2,4+] центросиметрична шеелит, вулфенит, леуцит P4/m, P42/m, P4/n, P42/n I4/m, I41/a
89–98 четириаголно трапезоедарска 422 D4 224 [2,4]+ енантиоморфна кристобалит, вардит P422, P4212, P4122, P41212, P4222, P42212, P4322, P43212 I422, I4122
99–110 двочетириаголна пирамидална 4mm C4v *44 [4] поларна дијаболеит P4mm, P4bm, P42cm, P42nm, P4cc, P4nc, P42mc, P42bc I4mm, I4cm, I41md, I41cd
111–122 четириаголно скаленоедарска 42m D2d (Vd) 2*2 [2+,4] халкопирит, станит P42m, P42c, P421m, P421c, P4m2, P4c2, P4b2, P4n2 I4m2, I4c2, I42m, I42d
123–142 двочетириаголно двопирамидална 4/mmm D4h *224 [2,4] центросиметрична рутил, пиролузит, циркон P4/mmm, P4/mcc, P4/nbm, P4/nnc, P4/mbm, P4/mnc, P4/nmm, P4/ncc, P42/mmc, P42/mcm, P42/nbc, P42/nnm, P42/mbc, P42/mnm, P42/nmc, P42/ncm I4/mmm, I4/mcm, I41/amd, I41/acd

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Cubic-to-Tetragonal Transition
  2. Webmineral data
  3. Hurlbut, Cornelius S.; Klein, Cornelis, 1985, Manual of Mineralogy, 20th ed., pp. 73–78, ISBN 0-471-80580-7
  4. „The 32 crystal classes“. Посетено на 19 јуни 2018.