Четвртична структура на нуклеинските киселини
Четвртична (квартерна) структура на нуклеинските киселини се однесува на интеракциите помеѓу одделни молекули на нуклеински киселини, или помеѓу молекули на нуклеински киселини и белковини . Концептот е аналоген на четвртична структура на белковините, но бидејќи аналогијата не е совршена, терминот може да се однесува на голем број различни концепти во науката за нуклеинските киселини и ретко се среќава.[1]
ДНК
уредиЧетвртичната структура на ДНК се однесува на врзувањето на ДНК за хистоните за да формира нуклеозоми, а потоа нивната организација од повисок ред во хроматински влакна.[2] Четвртичната структура на ДНК силно влијае на тоа колку е достапна ДНК-низата на транскрипционата машинерија за експресија на гените. Таа варира со текот на времето, бидејќи одделни региони на ДНК се кондензираат или се изложуваат за транскрипција. Терминот исто така се користи за да се опише хиерархиското групирање на вештачките градбени единици на нуклеинските киселини кои се користат во ДНК нанотехнологијата.[3]
РНК
уредиСиметрични комплекси на РНК молекули се многу ретки во споредба со белковинските олигомери.[1] Еден пример за хомодимер на РНК е VS (Varkud satellite) рибозимот од Neurospora, кај кој двете активни места се состојат од нуклеотиди кои потекнуваат од двата мономери.[4]
Најпознатиот пример за формирање на четвртични структури од РНК молекули е рибозомот, кој е изграден од повеќе рРНК молекули и мноштво на рибозомни белковини.[5][6] Слични РНК-белковински комплекси се наоѓаат и во сплајсозомот.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Jones, Christopher P.; Ferré-D'Amaré, Adrian R. (2015-4). „RNA quaternary structure and global symmetry“. Trends in Biochemical Sciences. 40 (4): 211–220. doi:10.1016/j.tibs.2015 февруари 004 Проверете ја вредноста
|doi=
(help). ISSN 0968-0004. PMC 4380790. PMID 25778613. Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help)CS1-одржување: PMC-формат (link) - ↑ Sipski, M. L.; Wagner, T. E. (1977-3). „Probing DNA quaternary ordering with circular dichroism spectroscopy: studies of equine sperm chromosomal fibers“. Biopolymers. 16 (3): 573–582. doi:10.1002/bip.1977.360160308. ISSN 0006-3525. PMID 843604. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Chworos, Arkadiusz; Jaeger, Luc. Foldamers (англиски). Weinheim, Germany: Wiley-VCH Verlag GmbH & Co. KGaA. стр. 291–329. doi:10.1002/9783527611478.ch10. ISBN 9783527611478.
- ↑ Suslov, Nikolai B.; DasGupta, Saurja; Huang, Hao; Fuller, James R.; Lilley, David M. J.; Rice, Phoebe A.; Piccirilli, Joseph A. (2015). „Crystal structure of the Varkud satellite ribozyme“. Nature Chemical Biology. 11 (11): 840–846. doi:10.1038/nchembio.1929. ISSN 1552-4469. PMC 4618023. PMID 26414446.CS1-одржување: PMC-формат (link)
- ↑ Noller, H. F. (1984). „Structure of ribosomal RNA“. Annual Review of Biochemistry. 53: 119–162. doi:10.1146/annurev.bi.53.070184.001003. ISSN 0066-4154. PMID 6206780.
- ↑ Nissen, Poul; Ippolito, Joseph A.; Ban, Nenad; Moore, Peter B.; Steitz, Thomas A. (2001-04-24). „RNA tertiary interactions in the large ribosomal subunit: The A-minor motif“. Proceedings of the National Academy of Sciences (англиски). 98 (9): 4899–4903. doi:10.1073/pnas.081082398. ISSN 0027-8424. PMID 11296253.