Честер А. Артур
Честер Алан Артур (анг: Chester Alan Arthur; 5 октомври 1829 – 18 ноември 1886 г.) ― 21-виот претседател на Соединетите Американски Држави чиј мандат траел од 1881 до 1885 година. Тој бил член на Републиканската партија, а пред да стане претседател бил 20-ти потпретседател на САД за време на претседателствувањето на Џејмс Гарфилд. Артур бил многу фален од неговите современици, но денешните историчари го рангираат како просечен претседател.[1] [2] Артур, исто така, бил опишан како еден од претседателите на САД кои најмалку се паметат.[3]
Честер Артур | |
---|---|
21-ви Претседател на САД | |
На должноста 19 септември 1881 – 4 март 1885 | |
Потпретседател | нема |
Претходник | Џејмс Гарфилд |
Наследник | Гровер Кливленд |
20-ти Потпретседател на САД | |
На должноста 4 матр 1881 – 19 септември 1881 | |
Претседател | Џејмс Гарфилд |
Лични податоци | |
Роден(а) | Честер Алан Артур 5 октомври 1829 Ферфилд, Вермонт, САД |
Починал(а) | ноември 18, 1886 Њујорк, САД | (возр. 57)
Партија | Републиканец (1854–1886) |
Други припадности | Виговец (пред 1854) |
Сопружник | Елен Хердон (в. 1859; починала 1880) |
Деца |
|
Професија |
|
Потпис | |
Воена служба | |
Чин | Главен бригадир |
Битки/војни | Американска граѓанска војна |
Живот и кариера
уредиАртур е роден на 5 октомври 1829 година во Ферфилд, Вермонт. Детството го поминал во северниот дел на сојузната држава Њујорк.[4] Посетувал државни училишта и дипломирал на Унион колеџот во Њујорк во 1848 година. Студирал право на Државниот и национален правен факултет во Балстон Спа, Њујорк и положил правосуден испит во 1853 година. Во 1854 година станал адвокат во Њујорк. Како адвокат се залагал за раните права на црнците и се спротивставил на сегрегацијата во јавниот превоз.
Во октомври 1859 се оженил со Елен Луис Хердон, а во 1860 година им се родил првиот син Вилијам Луис, именуван по таткото на неговата сопруга, кој починал на двегодишна возраст од воспаление на мозокот. Во 1864 година им се родил вториот син Честер Ален, а имале и девојче родено во 1871 година.
За време на Американската граѓанска војна бил генерален раководител на четврт на Њујоршката милиција. По војната, тој се посветил на републиканската политика во Њујорк и набрзо се истакнал во политичката организација. Претседателот Јулисиз Грант, во 1871 година го назначил за царински началник на Њујоршкото пристаниште. Во 1878 година, по жестоки расправии со претседателот Радерфорд Хејс, Хејс го отпуштил Артур од функцијата како дел од планот за реформирање на федералниот царински систем во Њујорк. Во јуни 1880 година, Републиканската партија го номинирала Артур за потпретседател. Артур и претседателскиот кандидат Џејмс А. Гарфилд победиле на претседателските избори во 1880 година и ги презеле нивните функции во март 1881 година. По четири месеци откако ја презел функцијата, претседателот Гарфилд бил застрелан од атентатор; тој починал 11 недели подоцна, а Артур ја презел претседателската функција.
Претседателствување (1881–1885)
уредиКако претседател, Артур бил заслужен за возобновувањето на американската морнарица, но бил критикуван за тоа што не успеал да го ублажи федералниот буџетски суфицит кој се акумулирал по завршувањето на Граѓанската војна. Артур ставил вето на првата верзија на Закон за исклучување на Кинезите од 1882 година, затоа што сметал дека со дваесетгодишната забрана за Кинези да се доселуваат во САД се прекршува Бурлингејмскиот договор; сепак тој ја потпишал втората верзија во која забраната изнесувала десет години.[5] Тој, исто така, ги донел Законот за имиграција од 1882 година со кој им се наметнуваат ограничувања за доселениците и Царинскиот закон од 1883 година со кој требало да се намалат царинските давачки. Артур го потпишал Пендлтоновиот закон за реформа на државната служба (1883).
Поради својата лоша здравствена состојба, Артур не се потрудил доволно за да обезбеди нова номинацијата за претседател на САД од Републиканската партија во 1884 година, и по завршувањето на неговиот мандат заминал во пензија. Влошената здравствена состојба и политичкиот темперамент на Артур биле причина за неговата администрација да биде помалку активна, но сепак тој бил често фален од неговите современиците за начинот на кој ја вршел функцијата претседател на САД. Новинарот Александар Мекклур напиша: „Никој досега не станал претседател со толку голема недоверба како Честер Алан Артур, и никој досега не се пензионираше. ... општо попочитуван, подеднакво од политичкиот пријател и од противникот.“ [6] „New York World“ претседателствувањето на Артур го сумирал по неговата смрт во 1886 година: „Во неговата администрација не беше занемарена ниту една должност и ниту еден авантуристички проект не ја вознемири нацијата“.[7] Марк Твен за него напишал: „Навистина би било тешко да се надмине администрацијата на претседателот Артур“.[8] Денешните историчари го рангираат Артур како просечен претседател.[1] [2] Артур, исто така, бил опишан како еден од претседателите кои најмалку се паметат.[3]
Постпретседателство (1885–1886)
уредиАртур ја напуштил функцијата во 1885 година и се вратил во својот дом во Њујорк. Два месеци пред крајот на неговиот мандат, му било понудено да се кандидира за Сенатот на САД, но тој одбил.[7] Често бил премногу болен за да ја напушти својата куќа.[7]
Смрт
уредиЕсента 1886 година тој тешко се разболел, а на 16 ноември наредил да се запалат речиси сите негови документи, лични и официјални.[7] Следното утро, Артур доживеал мозочно крварење и не се освестил. Умрел следниот ден, на 18 ноември, на 57-годишна возраст [7]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Schlesinger, Arthur M. Jr. (October 12, 2004). „Rating the Presidents: Washington to Clinton“. PBS.org. Arlington, VA.
- ↑ 2,0 2,1 Brinkley, Douglas (2015). American Heritage History of the United States. Newbury, NH: New Word City. стр. 274. ISBN 978-1-6123-0857-9 – преку Google Books.
- ↑ 3,0 3,1 . New York, NY. Наводот magazine бара
|magazine=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ Ferris 1999, стр. 127.
- ↑ Sturgis, Amy H. (2003). Presidents from Hayes Through McKinley. Westport, CT: Greenwood Press. стр. 83–84. ISBN 978-0-3133-1712-5.
- ↑ Alexander K. McClure, Colonel Alexander K. McClure's recollections of Half a Century (1902) p 115 online
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Reeves 1975.
- ↑ Feldman.
Грешка во наводот: Ознаката <ref>
со име „Arthur 1884“ определена во <references>
не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref>
со име „Kim-Dwor“ определена во <references>
не се користи во претходен текст..
<ref>
со име „FOOTNOTE"Supreme Court Nominations"“ определена во <references>
не се користи во претходен текст..