Чаталхојук

археолошко наоѓалиште во Турција

Чаталхојук е голем неолитски и халколитски прото-град во јужна Анадолија, кој приближно постоел од 7100 до 5700 г. п.н.е., а најголемиот процут го доживеал околу 7000 г. п.н.е.[1] Во јули 2012 бил впишан во списокот на светско наследство на УНЕСКО.[2]

Чаталхојук

Населбата е од збиен тип. Луѓето живееле во четвртести куќи, кои биле градени со блокови од сушена глина, со само една просторија и без темели. Во куќите се влегувало од кровот. Улици не постоеле.

Наводи

уреди
  1. Langer, William L., уред. (1972). An Encyclopedia of World History (5. изд.). Boston, MA: Houghton Mifflin Company. стр. 9. ISBN 978-0-395-13592-1.
  2. [1] Çatalhöyük entry on the UNESCO World Heritage List site