Часовен појас

(Пренасочено од Часовни појаси)

Часовен појас — област на Земјата што има усвоено исто време, кое вообичаено се нарекува месно време. Најголемиот број часовни појаси се разделени со по еден час, и со спогодба го пресметуваат своето време спрема Гринич.

Стандардни часовни појаси во светот.

Стандардните часовни појаси се определуваат со геометриска поделба на Земјиниот сфероид, на 24 парцели, кои се граничат со меридијани секој од по 15° географска должина. Месното време на соседните појаси е точно еден час плус или минус. Сепак политички или географски прилики некогаш побаруваат појасите да се неправилно поделени, за да следат политички граници или повремено да го менуваат своето време (зимско и летно сметање на времето).

Пред користењето на часовни појаси, луѓето користеле месно сончево време.

Поврзано

уреди