Црква „Св. Спас“ (Граховац)

Црква „Св. Спас“ на Граховац (српски: Црква Светог Спаса) — црква изградена во чест на големата битка одиграна на ова место во 1858 година. Изградена е по наредба на кралот Никола во 1864 година, на симболичен начин, бидејќи нејзината изградба започнала во вторник, а завршила во четврток, на Спасовден, исто како и Битката кај Граховац. Нејзините темели биле ископани на местото на шаторот на Хусеин-паша, командантот на турската војска.[1]

Спомен-црквата во Граховац го одбележува споменот на мажите кои биле убиени борејќи се против Турците во Граховац во мај 1858 година, кога Црногорците ги победиле многу побројните противници.[2]

Црквата е мала по големина, со еднокорабна основа со полукружна апсида и камбанарија. На надвратната греда е врежан крст. Слепата розета е во облик на кормило и е поставена во средината на фасадата. На црквата, за време на прославата на стогодишнината од битката, била поставена спомен плоча со натпис: „Споменик на вашето јунаштво, Црна Гора и нејзината слобода“.[3]

Иконостасот е изработен од Васо Крстов Вујичиќ во 1907 година. Црквата има и значајни обредни предмети од руско потекло.

Црквата била овновена во 2001 година и е во добра состојба.[4]

Наводи

уреди
  1. „SPOMEN CRKVA NA GRAHOVCU“. GRAD KULTURE (англиски). 2021-05-13. Архивирано од изворникот на 2022-05-27. Посетено на 2022-06-06.
  2. Tomašević 1983.
  3. Bijelić 2014.
  4. Spasojević 2003.

Библиографија

уреди
  • Bijelić, Veljko (2014). Memorials of the Liberation Wars in the Municipality of Nikšić (српски).
  • Spasojević, Vasilije (2003). Božiji hramovi na tlu Crne Gore (српски). Cetinje: Obod.
  • Tomašević, Nebojša (1983). Treasures of Yugoslavia An Encyclopedic Touring Guide (англиски). University of Michigan.