Црква „Св. Богородица“ - Елбасан

споменик на културата на Албанија

Света Богородица (албански: Kisha e Shën Mërisë) — источна православна црква и манастир во Елбасан, Албанија. Станала културен споменик на Албанија во 1963 година.[1]

Црква „Света Богородица“
Локално име
албански: Kisha e Shën Mërisë
МестоположбаЕлбасан
Изграден1556; пред 467 години (1556)

Градбата на црквата започнала во 1483 година во влашкото маало, но завршила речиси еден век подоцна: првата богослужба црквата ја имала дури во 1556 година. Изграден е целосно во камен на сосема специфичен начин, со камења издлабени во облик на крст, што може да се види и денес.[2] Црквата била фрескоживописана од Онуфри, а обновена од Давид Селеница. Во 18 век целосно изгорела во пожар, па повторно бил изграден во почетокот на 19 век.[2] Некои од најпознатите проповедници во црквата биле Фан Ноли и Висарион Џувани.[2]

Во 1990-тите црквата станала седиште на поделениот дел на Православната автокефална црква на Албанија.[3]

Во 2008 година албанската влада ја финансирала реконструкцијата на црквата.[4]

Наводи

уреди
  1. „Religious buildings with the "Culture Monument" status“. Republic of Albania National Committee for Cult. Архивирано од изворникот на July 6, 2011. Посетено на October 28, 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 Kisha e Shën Marisë: ndërtimi dhe rindërtimi dibran 28 October2008
  3. AT NIKOLLE MARKU, GARDIAN I SHQIPTARIZMES from Prof. Eqrem Zenelaj
  4. Kisha rebele e Elbasanit, rikthim në identitet 2008-10-19 Архивирано на 1 април 2012 г.