Црква „Св. Атанасиј“ - Олевени
црква во селото Олевени
Свети Атанасиј — селска црква во битолското село Олевени, Македонија.[1]
Свети Атанасиј
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Бистричка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°57′45″N 21°21′8″E / 40.96250° СГШ; 21.35222° ИГД |
Место | Олевени |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Изградба | 1936 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа западно од денешното село, на повисок терен во планината,[2] до кој се стигнува преку земјен пат, кој започнува од сретселото во денешното село Олевени.
Историја
уредиЦрквата заедно со уште три други храма постоеле на местото на некогашното старо село Олевени, а била обновена заедно со останатите во 1936 година.[2] Сепак, црквата не се наоѓа на истата месност Брце, како и останатите три цркви, туку подолу од нив.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 210. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.