Црква „Св. Антониј“ – Мелник
Свети Антониј — црква во градот Мелник, Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач, Бугарија. Влегува во состав на Неврокопската епархија на Бугарската православна црква.
Свети Антониј | |
---|---|
Свети Антоний | |
Поглед на црквата | |
41°31′26″N 23°23′45″E / 41.52389° СГШ; 23.39583° ИГД | |
Место | Мелник, Петричко |
Земја | Пиринска Македонија, Бугарија |
Вероисповед | Бугарска православна црква |
Архитектура | |
Статус | споменик на културата |
Завршена | 1869 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Свети Врач |
Епархија | Неврокопска |
Црквата е прогласена за заштитен споменик, како и дел од културно-историскиот резерват „Мелник“.[1][2]
Историја
уредиХрамот е изграден во 1869 г. според натписот над западниот влез.[3] Најверојатно бил изграден на темелите на постар храм.[2]
Ктиторскиот натипс на јужниот ѕид над наосот гласи:
† Ο ΠΑΡΩΝ ΙΕΡΟC ΝΑΟC ΕΠ
ΟΝΟΜΑΤΙ ΤΟΥ ΟCΙΟΥ ΠΑΤΡΟC ΗΜΩΝ
ΑΝΤΩΝΙΟΥ ΤΟΥ ΜΕΓΑΛΟΥ ΑΝΩΚΟΔΟΜΗΘΗ
ΕΚ ΒΑΘΡΩΝ Κ(ΑΙ) ΕΖΩΓΡΑΦΗΘΗ ΔΑΠΑΝΗ ΜΕΝ
ΤΩΝ ΚΥΡΙΩΝ ΙΩΑΝΝΟΥ ΑΛΕΞΙΟΥ ΤΖΙΕΡΗ Κ(ΑΙ) ΠΑΝΑΓΙΩΤΟΥ
Θ. ΚΑΡΑΤΖΑ Κ(ΑΙ) ΛΟΙΠΩΝ ΦΙΛΟΧΡΙCΤΩΝ. ΕΠΙCΤΑΣΙΑ ΔΕ ΤΟΥ
ΤΙΜΙΩΤΑΤΟΥ ΚΥΡΙΟΥ ΖΗCΟΥ ΤΡΥΦΩΝΟΣ ΕΝ ΕΤΕΙ 1881. Ιανουαρ(ίου) 10
χείρ λαζάρου Π(ετρα)κ(ίδη) αγιογράφου.[4]
Храмот е меѓу другите 5 кои го преживеале палењето на Мелник во 1913 година, заедно со црквите „Св. Никола“, „Св. Јован Претеча“, „Св. Петар и Павле“ и „Св. Варвара“.[5]
Архитектура
уредиГрадбата претставува еднокорабна базилика со една апсида и димензии од 13,9 x 6,1 м. На западната страна има женски дел.[6]
Внатрешност
уредиВнатршноста на црквата е целосно живописана, типично за дело на Мелничката школа. Според дарителскиот натпис, внатрешноста била живописана во 1881 г. од страна на зографот Лазар Петракидис и неговите помошници.[2] Во апсидата е претставена Богородица Поширока од небесата во полн раст.[2] На преостанатите ѕидови се насликани цвеќиња и мртва природа. За вредни се сметаат иконостасот и царските двери. Иконите се исто така дела на Лазар Аргиров и неговите помошници. Кај Аргиров се наоѓаат храмската икона на проскинитарија, неколку царски икони и ликот на Св. Антониј од празничниот ред.[2] Иконите на Пресвета Богородица е од XIX век. асликаниот таван го прeтставува ликот на Христос Седржител на платно во централен медалјон. Живописани се балконот и колонадата.[2]
Икона на Св. Атанасиј Светогорски со неговиот живот и светци е насликана ов 1757 година, при што натписот гласи:
„ | † CΑΒΒΑ ΤΟΥ Θ(ΕΟ)Υ ΤΟΥ / ΛΑΥΡΑC ΑΦΙΕΡΟCΗC / ΔΕΗCΗC ΠΡΟΗΓΟΥΜ(ΕΝΟΥ) / Κ(ΑΙ) ΔΑΠΑΝΥ ΑΥΤΟΥ / ΤΟ ΕΤΥ αψνζ : (=1757) / [η αυγου]στου μη[νί].[7] | “ |
Наводи
уреди- ↑ „Храм „Свети Антоний Велики", Мелник“. Дигитална култура за регионално сближаване. Посетено на 19 март 2024.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 403. ISBN 954-90006-2-1.
- ↑ Богдан Филов. „Пътувания из Тракия, Родопите и Македония 1912 – 1916“. София, 1993, стр.84.
- ↑ Trifonova, Alexandra Ph (2018). „Ελληνικές μεταβυζαντινές επιγραφές από το Μελένικο και την περιοχή του“ (PDF). Σερραϊκά Σύμμεικτα (грчки). Σέρρες (4): 75. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-06-12.
- ↑ Μπάκας, Ιωάννης Θ (2013), Δήμος Σιντικής : Ο Χώρος και η Ιστορία του (PDF) (грчки), Σιδηρόκαστρο: Δήμος Σιντικής, стр. 297
- ↑ Пенчева, Жана; Марков, Васил; Костадинова, Петя (2021). Християнски храмове от Югозападна България. Благоевград: УИ "Неофит Рилски". стр. 97–100. ISBN 978-954-00-0283-5. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ Trifonova, Alexandra Ph (2018). „Ελληνικές μεταβυζαντινές επιγραφές από το Μελένικο και την περιοχή του“ (PDF). Σερραϊκά Σύμμεικτα (грчки). Σέρρες (4): 77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-06-12.