Црква Св.Трипун во Мркови
Црквата Свети Трипун во Мркови — храм од 1866 година[1] и припаѓа на Которската епархија на Римокатоличката црква. Се наоѓа помеѓу селата Мркови и Клинци.
Патот од главниот пат (за автомобили) до црквата е помеѓу два сувоѕида. Над полукружната врата има натпис на латиница на оштетена плоча, а се споменува од 1866 година. Над натписот има кружен прозорец со отвор во форма на розета, направен од стакло и железо, а над него има камбанарија со мало ѕвонче. Црквата има два прозорци, од двете страни, а полукружната олтарна апсида нема прозорски отвор. Во црквата има клупи, неколку икони и крст на ѕидовите.
Протоерејот на Луштица Никола Урдешиќ рекол дека луштичани од православна вероисповед кон овој и Црквата Пресвета Богородица во Котор се однесуваат со посебна почит. Во црквата Св Трипун во претходните децении владиката и верниците доаѓале на Божиќ и Велигден, но сега се помалку. Клучот од црквата Свети Трипун и самата црква го чувал дедото на Никола Урдешиќ. За него се грижел многу децении и отворал секоја недела. Според традицијата, неговите предци ја изградиле црквата „Воскресение на Лазар“ и кога дедото ги завршувал неопходните саботни активности (запалување на кандилото, чистење на црквата, ѕвонење на камбаната пред недела), отишол да го стори истото во црквата Св. Трипун.[2] Таа е една од двете цркви на Луштица посветена на Свети Трифун, а другата е православна. Некои сцени од комедијата „Игла под прагот“ од 2016 година биле снимени во оваа црква.[3]
Галерија
уреди-
На влезот на црквата има камени остатоци од стара градба или гробови
-
Натпис над вратата на црквата
-
Внатрешност
-
Внатрешност
-
Портата до вратата на црквата
-
Два суви ѕида, меѓу кои има патека (обрасната со грмушки) што води до црквата
-
Поглед на црквата од православната црква Свети Архангел Михаил во Клинци
Наводи
уреди- ↑ 89 crkava hercegnovske opštine, br. 78.
- ↑ Луштица - мала Света гора. Архивирано од изворникот на 17 август 2021. Посетено на 23 август 2021.
- ↑ Игла испод прага.