Црвениот удар
„Црвениот удар“' (српски: Црвени удар) — југословенски филм од 1974 година, во режија на Предраг Голубовиќ. Улогите ги толкуваат: Велимир Бата Живоjиновиќ, Борис Дворник, Берт Сотлар, Абдурахман Шаља и Оливера Катарина.[1]
Синопсис
уредиКoга во 1941 година германската војска го освојува најголемиот европски рудник за олово, Трепча, рударите од различни националности, познати по своите предвоени штрајкови, не сакаат да работат за непријателската војска и почнуваат со диверзии. Вешти во ракувањето со динамит, тие ја водат борбата жестоко но и со хумор со кој се одликуваат само луѓето изложени на смртната опасност.