Црвената коњица (книга на Исак Бабел)

Црвената коњица (руски: Конармия) - збирка раскази на рускиот и советски писател Исак Бабел. Расказите во збирката се пишувани во периодот 1924-1926 година.

Исак Бабел Збирка раскази „Коњици“

Содржина

уреди

Збирката „Црвената коњица“ ги содржи следниве раскази:[1]

  • Преминувањето преку Збруч
  • Црквата во Новоград
  • Писмо
  • Командантот на резервата на коњи
  • Пан Аполек
  • Сонцето на Италија
  • Гедали
  • Мојата прва гуска
  • Рабин
  • Патот за Броде
  • Учењето за митралеската кола
  • Смртта на Долгушов
  • Командантот на втората бригада
  • Сашка Христос
  • Животописот на Павличенка Матвеј Родионич
  • Гробиштата во Козин
  • Пришчепа
  • Приказна за еден коњ
  • Конкин
  • Берестечко
  • Сол
  • Вечер
  • Афоњка Бида
  • Кај Свети Валент
  • Командирот на ескадрон Трунов
  • Двајца Ивани
  • Продолжение на приказната за еден коњ
  • Вдовица
  • Замостје
  • Предавство
  • Чесники
  • По битката
  • Песна
  • Рабиновиот син
  • Аргамак
  • Бакнеж

Осврт кон делото

уреди

Збирката „Црвената коњица“ предизвикала големо внимание поради необичниот пристап во опишувањето на хероите од времето на граѓанската војна во Русија. Имено, за разлика од тогашните дела, ликовите во оваа збирка се одликуваат со недостатоци: тие се сурови, глупави, неспретни и детинести. Во своите раскази, Бабел дал извонредни психолошки скици на луѓе кои се одликуваат со неочекувани премини од најгруб реализам со најфина поезија. Расказите во збирката претставуваат богата галерија на фантастични типови на луѓе, прикажани во борбените акции и во моментите на затишје, кога борците, зафатени од некоја слабост или во состојба на афект, се покажуваат потполно соголени. Во расказите, според неговите сопствени зборови, Бабел настојувал да ги наслика „скриените урнатини на човечките судбини“, со нивната наивна радост, невин занос, тагата од неостварените желби, вистинското страдање и трагичните грешки. Во овие раскази Бабел се докажува како ненадмашен сликар на луѓето и голем стилист, давајќи впечатливи описи и опипливи ликови. Ретки се писателите кои како него, силно и исцрпно, но со малку зборови, успеале да го опишат ужасот на војната, а некои негови текстови делуваат и како песни во проза.[2]

Наводи

уреди
  1. I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969.
  2. Nada Marinković, „Isak Babelj“, во: I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 124-125.