Цитоза
ЦИТОЗА
уредиЦитозите претставуваат процеси на пренесување на големи молекули или честички (во тврда или течна агрегатна состојба). Пренесувањето на ваквите материи, обично е сврзан со одредени промени во клеточната мембрана. Процесот на внесување на такви материи во клетката е наречен ендоцитоза, а изнесувањето од клетката е наречен егзоцитоза. Материјалот што се внесува или изнесува секогаш се наоѓа во клетката обвиткан со мембрана. Разликуваме:
- Ендоцитоза
- Егзоцитоза
Ендоцитоза
уредиПри едноцитоза клетката обично ги прима неопхподните хранливи материи, а при егзоцитозата одделува материи кои се произдводи од животната активност, кои пак можат да бидат непотребни и треба да се исфрлат надвор од клетката или мозажат да бидат неопходни за други клетки (како ензими, хормони и др.).
Во ендоцитозата разликуваме:
- фагоцитоза (од грчки “fogein“=јадам) и
- пиноцитоза (од грчки “pinein“=пијам).
Во допир со честичките, клеточната мембрана создава вдлабнатинки (инвагинации) и ја заобиколува честичката. Секоја таква вдлабнатинка се затвора микровакуола, а честчката останува заробена во вакуолата и како таква останува во клетката.
Фагоцитоза
уредиФагоцитозата е својствена за многу клетки и кај нижите и кај вишите организми. Кај нижите организми(едноклеточни, габи и др.) фагоцитозата претставува основен начин на исхрана. Кај вишите организми фагоцитозата е својствена за одреден број специјализирани клетки кои првенствено имаат заштитна функција. Такви клетки се леукоцитите уште наречени и фагоцити кои ги уништуваат бактериите и другите туѓи тела што ќе навлезат во организмот. Под дејство на ферментите на лизозомите фагоцитираните органски материи се разградуваат до попрости материи.
Пиноцитоза
уредиПиноцитозата има големо значење за организмот, бидејќи клетките добиваат неоходни супстанци: белковини (ферменти, антитела, хормони), липиди, јаглехидрати и др.
Егзоцитоза
уредиПри егзоцитоза (како спротивен процес на ендоцитозата), вакуолата со одреден клеточен материјал се доближува до клеточната мембрана. Потоа преку спојување на мембраната од вакуолата со клеточчната мембрана, вакуолата се отвора кон надворешната средина и се ослободува материјата. Егзоцитозата е особено карактеристична за поголемиот број жлездени клетки (со што се овозможува излачување на секретот надвор од клетката) и за клетките на крвните капилари (каде обезбедува исхрана на клетките и отстранување на крајните производи и метаболизмот).
Надворешни врски
уредиОваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |