Цикада 3301 (англиски: Cicada 3301) — организација што објавила загатки на семрежјето. Сите тие се поврзани со безбедноста на податоците, криптографијата и стеганографијата. Со нивна помош, основачите избираат луѓе што ќе се приклучат на нивната заедница.

Логото на Цикада 3301

На 4 јануари 2012 г., следнава објава била објавена на 4chan:

Здраво. Бараме извонредно бистри поединци. Затоа направивме и тест. На оваа слика има скриена порака. Најдете ја и ќе ви покаже како да нѐ најдете. Со нетрпение ги очекуваме оние малкумина што ќе успеат да стигнат докрај.

Со среќа.

3301[1][2][3]


Првата серија загатки траела околу еден месец. Втората започнала на 5 јануари 2013 г., третата на 6 јануари 2014 г., откако загатката била објавена на Twitter. Немало нови загатки во 2015 г. Нова порака била објавена на Twitter на 6 јануари 2016 г., но не содржела загатка.[4]

Постојат подражавачи што објавуваат загатки под името „Цикада 3301“, но тие обично не содржат цифрен потпис или се потпишани со неточни клучеви.

Во 2017 г., на Pastebin била пронајдена нова порака со важечки PGP-потпис:

Здраво.

Патот останува празен; просветлувањето бара посветени луѓе.

Liber Primus е патот. Неговите зборови се картата, нивното значење е патот, а нивните бројки се насоката.

Барајте и ќе бидете најдени.

Со среќа.

3301

Пазете се од лажни патишта. Секогаш проверувајте го PGP-потписот од 7A35090F.[5][6]


Загатката сѐ уште не е решена.

Точните цели на организацијата остануваат нејасни. Познати се само неколку критериуми за избор во заедницата:

На крајот на 2012 г., еден од победниците на „изборот“, Маркус Вонер, изјавил дека Цикада 3301 развива примени за анонимно и безбедно општење на семрежјето.[7]

Наводи

уреди
  1. „The internet mystery that has the world baffled“. Daily Telegraph. 2013-11-25. Архивирано од изворникот 2013-11-25. Посетено на 2013-11-25.
  2. „Is mystery internet challenge a recruiting tool for the CIA?“. Channel 4 News. 2013-11-27. Архивирано од изворникот 2013-11-27. Посетено на 2013-11-27.
  3. Lipinski, Jed. „Chasing the Cicada: Exploring the Darkest Corridors of the Internet“. Mental_Floss. Архивирано од изворникот на 2015-09-20. Посетено на 2012-12-17. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  4. „1231507051321 on Twitter“. Twitter (руски). Архивирано од изворникот 2017-02-09. Посетено на 2017-05-09.
  5. Noble, Toni. „Cicadas & Security, Part 2: When a Verified PGP Key Takes You on a Trip to the Desert“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-08-02. Посетено на 2017-05-18.
  6. „Message from 3301/Cicada“. Pastebin.com. 2017-04-04. Архивирано од изворникот 2017-04-29. Посетено на 2017-05-09.
  7. David Kushner, David Kushner (2015-01-15). „Cicada: Solving the Web's Deepest Mystery“ (англиски). Rolling Stone. Архивирано од изворникот 12 јуни 2018. Посетено на 2019-08-02.

Надворешни врски

уреди